Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Камилоски со новата песна и спот „Дали можам” повторно докажа дека навистина може! (видео)

Ако во само еден збор треба да го опишеме новиот сингл на Павле Камилоски кој го промовираше на музичкиот фестивал Макфест, тој збор ќе биде - безвременски.

kamiloski-so-novata-pesna-i-spot-dali-mozham-povtorno-dokazha-deka-navistina-mozhe-video-01_copy.jpg

„Дали можам” е едно од оние дела кои се моќни, впечатливи и трајни. А, токму силниот глас на Павле ја истакнува силата во неговата нова композиција под авторство на Дамјан Лазаров.

Лазаров го пишува и извонредниот текст во стил кој е препознатлив печат на пејачот Камилоски.

kamiloski-so-novata-pesna-i-spot-dali-mozham-povtorno-dokazha-deka-navistina-mozhe-video-02.jpg

Видео спотот кој Павле во неделата го бјави на неговиот Youtube канал плени со шармот на љубовта. А, довербата за режија на овој краток филмски запис секако дека повторно му ја пружи на Александар Ристовски- Принц.

„Принц е буквално мојот принц на бел коњ кога станува збор за режија на моите спотови. Понекогаш мислам дека може да ми влезе во главава и мојата имагинација да ја преточи во филмско дело кое ја отсликува мојата емоција додека пеам” – вели Камилоски.

kamiloski-so-novata-pesna-i-spot-dali-mozham-povtorno-dokazha-deka-navistina-mozhe-video-03.jpg

Спотот во кој ќе ги видиме убавиците Моника Црнокрак и Нина Ред претставува визуелна симфонија која совршено се спојува со мелодијата на песната.

Со „Дали можам”, Камилоски продолжува да ја развива својата уникатна музичка кариера, по успехот на претходните хитови како „Mia Bella” и „Да си моја”, кои ја освоија публиката со својката искреност и емоција.

Би можело да ве интересира:

„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Ѕвона, детски хор и празничен ритам: Павле Камилоски со нова новогодишна песна Со новата новогодишна песна „Иде Нова Година”, Павле Камилоски претстави музичко...
Што се крие зад новиот спот на бендот? Откријте го први мистериозниот момент! - Интервју со Филип Ст... „После извесно време на проби кај бубњарот и после склопување на репертоарот на ...
„Заиграј со мене ти” на Виолета Томовска со Дац и Александар е новиот претпразничен хит (видео) Ја вративме Виолета повторно на сцената! Дац и Александар вчера, на 19 декември,...
„Пијана“ - песната со која Дани Димитровска се врати на Макфест „Пијана“ е новата песна на нашата поп рок дива, Дани Димитровска која по неколку...
Објавена е новата песна „Милост“ на Наталија Данаилова „Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg