Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Петар Маркоски свиреше виолина пред Папата: „Имав чест да ме најават како единствениот македонски музичар кој настапил пред Папата Франциск“

Нашиот виолинист Петар Маркоски имаше чест да настапи на единствениот музички настан на кој присуствува Папата.

petar-markoski-svireshe-violina-pred-papata-ja-imav-chesta-da-bidam-najaven-kako-edinstveniot-makedonski-muzichar-koj-nastapil-pred-papata-francisk-01.jpg

„Настанот “World Day of the Poor“ се оддржа на 19ти Ноември во "Paul VI Audience Hall" - Ватикан, каде беше организиран ручек и музички дел од повеќе артисти. Ја имав честа да бидам најавен како единствениот македонски музичар кој настапил пред Папата Франциск, најава која беше дадена на самиот настан и секако на сите италијански телевизии меѓу кои и најпознатата Rai 1. 

petar-markoski-svireshe-violina-pred-papata-ja-imav-chesta-da-bidam-najaven-kako-edinstveniot-makedonski-muzichar-koj-nastapil-pred-papata-francisk-02.jpeg

Покана ја добив преку мојот менаџер една недела пред самиот настан, и секако без размислување прифатив се впуштив во припрема на композициите.
Ова е единствениот музички настан во Ватикан каде Папата е присутен и поради тоа задоволството беше огромно. Настапив со две композиции Halellujah и Ave Maria, во потполна тишина и без никаква музичка поддршка, само звукот на мојата виолина. Во Ватикан бевме пречекани прекрасно, огромно искуство за мене“ - раскажува Петар за CRNOBELO.com.

Петар во моментов работи на голем број проекти со композитори и музичари од Италија и Унгарија за кои вели дека ќе бидат презентирани наскоро.

Прочитајте и: На гондола во Венеција, во шума: Запознајте го македонскиот Хаусер - дечко од Охрид свири на виолина на разни локации

Би можело да ве интересира:

Објавена е новата песна „Милост“ на Наталија Данаилова „Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидеј...
Песната „Тие очи“ на Ивона Јо ја претставува Македонија на онлајн евровизиски натпревар Овој забавен натпревар се организира секој месец преку Инстаграм, а месецов Ивон...
Џез-музичарот Владимир Четкар со нова песна и спот, за летно уживање По неколкумесечна пауза, џез-музичарот Владимир Четкар сними нов спот, а песната...
„Сè е возможно" е најновата песна на Јана Спирковска којашто беше издадена на 30 јуни Новата композиција на Јана Спирковска е дело на авторскиот тим Наташа Миха и Дам...
Мартија, Лоба, „Дајте музика“ - сите македонски претставници на Јуниор Евросонг (и нивните пласмани) Во 2003 година првпат учествувавме на Јуниор Евросонг, Викторија Лоба и Марија А...
Метаморфоза, македонскиот хип-хоп доживува преобразба Пред недела дена излезе новата песна „Метаморфоза“ која е соработка на Martix ft...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg