Џез-музичарот Владимир Четкар со нова песна и спот, за летно уживање
По неколкумесечна пауза, џез-музичарот Владимир Четкар сними нов спот, а песната е дел од неговиот нов албум, кој ќе има светска промоција на 18 септември, во Јапонија.
Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски.
Don’t Make Me Wait е комплетно авторско дело на Четкар, на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).
Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар Let Us be, кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18 септември во Токио, од страна на познатата јапонска музичка куќа P-Vine Records за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.
Don’t Make Me Wait е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и пратечки вокали изведени од Четкар) во Чикаго, во студиото Electrical Audio и во Hi Fi Studios во Милвоки.
Претходно, на 3 август, Четкар со својот џез, соул и фанк ансамбл ќе одржи концерт во Охрид, на крајбрежјето на Охридското Езеро.