Eден класичен роман за секој хороскопски знак (и зошто токму тој)
Вага: „Да се убие птицата подбивница“ – Харпер Ли
Главна цел на Вагите им е да балансираат во секоја ситуација, да се спротивстават на неправдите и да ја постигнат правдата. Токму затоа ним им се допаѓа приказната за адвокатот Атикус Финч кој треба да го одбрани Том Робисон, човекот со африканско потекло којшто неправедно е обвинет за силување.
Скорпија: „Злосторство и казна“ – Ф. М. Достоевски
Сместен во категоријата на психолошки реализам, овој роман говори за последиците со кои злосторникот Раскољников се соочува на психички план по извршеното убиство.
Овој мрачен роман кој се занимава со важни психолошки теми е идеален за Скорпиите, затоа што ја задоволува нивната потреба за мистериозност и загадочност.
Стрелец: „Хобитот“ – Џ. Р. Р. Толкин
Стрелците сакаат авантури, а кога станува збор за литературните класици, не постојат подобри авантури од оние на Џ. Р. Р. Толкин.
Претставниците на овој хороскопски знак не можат да одолеат на можноста да спознаат цел нов литературен свет следејќи ја приказната за Билбо Багинс.
ЈарецЧ „Џејн Ер“ – Шарлот Бронте
Јарците се познати по тоа што се подготвени да работат напорно за да го постигнат она што го сакаат, па оттука приказната за Џејн Ер, напуштеното сираче што мора да научи да се бори за себеси, но и за да ја освои љубовта на човекот што го сака, е една од оние што може да им биде мошне примамлива.
Водолија: „Скандалите во Кроум“ – Олдус Хаксли
Водолиите се хороскопски знаци кои се стремат кон истакнување на индивидуата, како единка, но и за општествен напредок.
Во својот прв роман, Олдус Хаксли ги исмева трендовите и модата во тоа време преку приказната за шеговитата дружина составена од необични ликови на уметници, којашто се собира во малото англиско гратче Кроум на имотот на Хенри Вимбуш.
Риби: „Ловец во ‘ржта“ – Џ. Д. Салинџер
Рибите се последниот знак во Зодијакот и честопати важат за „најосамениот“ знак, кој повеќе сака да живее во светот на фантазијата, отколку во реалноста. Затоа романот на Селинџер, во кој ја следиме приказната на 16-годишниот Холден Кофилд кој се чувствува осамено и изгубено по смртта на својот брат, е едно од омилените четива за претставниците на овој знак.
Б. С. Б. | Црнобело