Идеална книга за оние што бесконечно анализираат + два носи наслови што ќе ве воодушеват
Нова недела, нови книги за бистрење на умот. Доколку сте од оние кои бесконечно ги анализираат нештата и чувствувате како мозокот ви е преморен од сопствените монолози, ја имаме вистинската книга за вас. Мал прирачник за тоа „Како помалку да се мисли“. Со сигурност ќе бидете воодушевени.
Доколку пак имате желба за напнат крими-трилер или пак за нежна книга што илустрира искрено, длабоко пријателство, нашите одлични предлози ќе ви бидат од помош:
Како помалку да се мисли (за оние што бесконечно анализираат) – Кристел Петитколен
Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања. Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот. Имаш впечаток дека си од друга планета. Не успеваш да го пронајдеш своето место. Се чувствуваш несфатено.
Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на личност која премногуи размислува. Ова е навистина заморно, ама твојот мозок, тој што премногу размислува – тој е вистинскиот скапоцен камен.
Досега твојот палав мозок те водеше по слепи патеки. Ама време е да го преземеш управувачот и тоа веќе уште денес. Благодарение на оваа книга ќе научиш да ги користиш извонредните можности на својот мозок коишто порано ти изгледаа недофатливи! А покрај тоа ќе почувствуваш и олеснување, па ќе се прифатиш себеси и својот фантастичен ум. Најпосле ќе здивнеш.
Криптолог – Изабела Малдоналдо
ФБИ агентката Нина Герера побегнала од стапицата на сериски убиец кога имала 16 години. Години подоцна, ја напаѓаат додека џогира во парк, и видеоснимката од нападот масовно се споделува на социјалните медиуми.
Многумина се импресионирани од нејзините боречки вештини, а помеѓу нив и човекот кој ја киднапирал пред 11 години – кој исто така ја има видено снимката.
Решен да ја врати назад единствената која му побегнала, извршува грозоморно убиство со цел да ја вовлече неа во истрагата … но неговите игри штотуку почнуваат. И го користи интернетот за да ја покани и јавноста да учествува.
Дабот сè уште e тука – Софија Лундберј
По тешкиот развод, на Естер ѝ се чини дека нејзиниот живот ја загубил смислата. Најболни ѝ се викендите што не ги поминува со синот. Во тие денови, секоја втора недела, оди кај стариот даб што расте крај водата.
Еден ден, под дабот ја среќава Рут, возрасна дама што има прекрасна особина секогаш да се насочи само врз тоа што е убаво во животот. Фасцинирана од неверојатната животна приказна на Рут, Естер со текот на времето ќе стане нејзина добра пријателка.
Колку повеќе ќе стекнуваат меѓусебна доверба, сè поочигледно ќе биде дека Рут крие болни тајни. Откривајќи ги, Естер ќе стигне дури до Италија и езерото Комо, каде што ќе сфати дека животната приказна на Рут е многу поинаква отколку што можела да претпостави.
(О)Милена | Црнобело