За најпребирливите: Три историски романи кои ја прикажуваат темната страна на минатото
Што доколку пронајдете стара фотографија од вашата баба во прегратките на нацистички офицер? Дали сте запознаени со грозоморното убиство на кралското семејство Романови? Дали зборот „Гулаг“ ви значи нешто?
Доколку се обидувате да најдете одговор на сите овие прашања, имате истенчен вкус за литература и уживате во раскошни, историски приказни, ги препорачуваме следните три книги:
Искра надеж – Џулијан Меклејн
По ужасното предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста. Но, тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран.
Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото.
Сестрите Романови – Хелен Рапапорт
Приказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николај и Александра. 17 јули 1918 година. Четирите девојки се симнале по дваесет и трите скалила во подрумот на една куќа во Екатеринбург. Најстарата имала 22 години, најмладата 17.
Заедно со родителите и со 13-годишниот брат, сите четири се бездушно убиени. Виновни се за тоа што биле ќерки на последниот цар и царица на сите Руси.
Архипелагот Гулаг – Александар Солженицин
Архипелагот Гулаг не е митско место, не е измислена земја. Тој е систем од затвори, логори, кампови и работнички колонии во кои милиони луѓе ги загубија своите животи.
Измислен е само терминот, зашто беше одраз на еден нов феномен – прогонство и уништување на сите кои со збор или постапка се пројавувале против постојниот модел на владеење.
Одраз на едно време во кое кажаниот збор можел да биде платен со сопствениот живот.
*книгата е достапна и на македонски јазик
(О)Милена | Црнобело