3 нови трилери кои добро ќе ве оладат додека се печете на жешкото сонце
И покрај тековната ситуација, многу веројатно е дека сепак успеавте да го зафатите своето место на некоја мала плажа, подалеку од големите толпи луѓе.
Доколку сте од оние кои обожаваат да читаат за време на летниот одмор, а потребно ви е нешто што ќе ве „олади“ под жешкото сонце, овие 3 нови трилери се вистинскиот „лек“ за вас:
Човек од костени – Сорен Свејструп
Сè започнува едно утро кога полицијата пронаоѓа тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството.
Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезна пред една година и го сметаа за мртво. Може ли убиецот да биде клуч за решавање на старото злосторство?
Сестра смрт – Даниел Петр
Напуштена фабрика за преработување гасена вар. Колку загатки може да се исплетат од едно вакво место, од кое излегуваат духови на воени злосторници од борбите во поранешна Југославија?
Каква врска има напорната работа на работлива медицинска сестра со убиство на бројни пациенти? И дали е возможно сето ова да е вистина?
Играта на шепнувачот – Донато Каризи
Телефонски повик во полицијата од една фирма оддалечена 15 километри од градот. Исплашен женски глас бара помош, но таа ноќ беснееле жестока бура и првата патрола успеала да отиде дури неколку часа подоцна. Но, премногу доцна.
Семејството Андерсон исчезнало, а иследниците немаат одговори. Пред нив стои огромна енигма. Единствената што може да ја открие пораката скриена во злото, престанала да бара исчезнати лица и се повлекла да живее изолирано на брегот на езерото… но, како таа е поврзана со злосторството?
(О)Милена | Црнобело