Три нови трилер книги кои ќе ве „поместат од умот“
За многу љубителите на литературата, добриот трилер е незаменливо парче на книжевна уметност. Особено доколку самата книга ве вовлекува во дејствието уште од првата страница, има одлично изградени ликови и префектна кулминација.
Дали сте подготвени за три, нови трилери кои ќе ве поместат од умот?
Деца на злото - Миодраг Мајиќ
Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани. Никола Бобиќ, белградски адвокат, не насетува дека одговорите поврзани со злосторството ќе го сменат засекогаш.
Оваа приказна се однесува на сите нас бидејќи во неа ќе пронајдеме рефлексија и на нашата општествена стварност. Но, што е уште поважно, ќе го пронајдеме изгубеното зрно надеж. Дури и во систем длабоко уништен од корупцијата, има место за херои.
Хирургот - Тес Геритсен
Тес Геритсен ќе соочи еден вистински растроен негативец со единствената жена што може да го спречи во намерата повторно да убие. Ноќе, тој тивко влегува во спалните соби на своите жртви, кои немаат претстава дека наскоро ќе се разбудат во вистински кошмар.
Одличен кошмар со медицинска тематика кој ќе ве остави без сон и без зборови.
Врати ме назад - Б.А. Парис
Фин и Лејла се млади, заљубени, и на одмор. Тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане на одмориште покрај патот за да отиде до тоалет. Тој излегува од колата, ја заклучува и влегува во тоалетот.
Но кога се враќа, Лејла ја нема – и никој никогаш веќе не ја гледа. Тоа е приказната што Фин им ја кажува на полицајците. Но, тоа не е целата приказна…
(О)Милена | Црнобело