Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Еротски роман со жежок сексапил или напнат трилер – што ќе одберете викендов за читање?

„Добрата книга ќе те натера да замислиш како да се соживееш со ликовите, одличната книга нема да ти остави избор“. 

Sto-ke-odberete-vikendov-za-chitanje-01.jpg

За вас имаме три нови предлози, воедно нови изданија, два возбудливи трилери и еден романтичен роман исполнет со страст, жежок сексапил и еротика.

Што ќе одберете следно за читање?

Прекрасна катастрофа - Џејми Мекгваер

Аби Абернати е добра и пристојна девојка. Запишувајќи се на факултет во друг град, заедно со својата најдобра другарка, верува дека сеништата од мрачното минато ги оставила зад себе. Но набрзо сфаќа дека новиот почеток не е толку едноставен колку што очекувала.

Згодниот Тревис Медокс е токму од оној тип на момци што таа сака по секоја цена да ги одбегне. Мотивиран од нејзиното одбивање, Тревис ја наговара да се обложат ‒ доколку тој изгуби, ќе мора да се откаже еден месец од заведувањето, а доколку таа изгуби, ќе мора да живее исто толку време во неговиот стан.

Sto-ke-odberete-vikendov-za-chitanje (3).jpg

Игра на лагите - Рут Веар

Уште една загадочна мистерија на Рут Веар, авторката на светските бестселери „Жената од кабината бр. 10“ и „Во една мрачна, мрачна шума“. Пораката пристигнува доцна во ноќта.

Само два збора: Ми требате. Иса веднаш го остава својот живот зад себе, ја зема својата 6-месечна ќерка и се упатува кон Салтен.

Во училиштето, заедно со своите три најдобри другарки обожавала да ја игра „Играта на лагите“. Се натпреварувале кој подобро ќе ги убеди луѓето во бесмислените приказни и лаги.

Сега, 17 години подоцна, на плажата е пронајдено нешто ужасно…

Sto-ke-odberete-vikendov-za-chitanje (1).jpg

Сенка - Лаш Кеплер

Од авторот на „Ѓаволот дојде по своето“ и „Хипнотизер“ ни доаѓа нов, возбудлив, мрачен трилер. Сè додека не е откриено првото тело, никој сериозно не ја сфаќа видеоснимката.

Секретарката од администрацијата на полицијата го отвора линкот, ја гледа снимката и претпостави дека станува збор за несолена шега.

Потоа, неколку денови подоцна, жената од снимката е пронајдена мртва. Кој е виновникот? И зошто го прави тоа?

Sto-ke-odberete-vikendov-za-chitanje (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg