Книгата која промени доста животи на подобро – „Будење на свеста" постана бестселер
Будење на свеста, книга дефинирана како комплетен водич за лична и колективна преобразба и основа за личен развој, од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, стана една од најбараните книги во последниот период. Иако помина само една година од нејзината официјална промоција, тие успеаа да го издадат третото издание, кое се продаде за помалку од два месеца.
Според писателите на книгата Катерина и Радован, интересот за книгата е огромен од македонската јавност.
„Сметаме дека книгата ја издадовме во вистински момент, кога на општеството навистина му е потребно не само да се разбуди, туку и да создаде колективна свесност со услови за прекрасен и среќен живот за сите. Уште од самото појавање, насловот на книгата разбуди огромен интерес во јавноста. Но она што навистина не радува се ефектите кои оваа книга ги создава секојдневно, а тоа се насмеани лица, позитивни коментари по социјалните медиуми и сведоштва за неверојатни промени. Во комуникација со нашите издавачи од Издавачки центар Паблишер, оваа книга постана бестселер, и тоа многу не радува. Третото издание на „Будење на свеста” веќе е при крај, со што и официјално сакаме да најавиме дека во печат е четвртото издание, и тоа со нова освежена корица." - изјавија Катерина и Радован.
Kнигата „Будење на свеста” има редовна цена од 400,00 МКД, а периодов може да се набави со 25% попуст, или за само 300 МКД. Книгата може да се купи онлајн преку официјалниот веб сајт www.budenjenasvesta.mk, на www.katerinaangelovska.mk, во книжарниците на ТРИ, како и на нивните продажни места, и речиси во сите книжарници и супермаркети во Македонија. Читателите на англиски јазик и пријателите од англиско говорно подрачје, англиската верзија, можат да ја купат на меѓународната веб страна на книгата www.awakeningconsciousness.com, исто така на myWorld.com, на Amazon, и буквално на сите светски платформи за книги, како што се Lulu, Smashwords, Rakuten Kobo и итн.