Читање печатени или електронски книги - што е подобро?

Читањето книга е посебно искуство што нè носи во некои нови светови. Повеќето луѓе мислат дека полесно се читаат печатените книги, за разлика од електронските, а некои го тврдат обратното. Сепак, истражувањата покажуваат дека ги обработуваме информациите подеднакво, без оглед од кој извор читаме. Тогаш, што е подобро - читање печатени или електронски книги?

chitanje-pechateni-ili-elektronski-knigi-shto-e-podobro-01.jpg

Генерално, сè помалку и помалку луѓе читаат книги во класично, печатено издание. Како што технологијата се развива, постојат различни електронски опции преку кои можеме да читаме книги.

Исто така, поевтино е да се купи е-книга отколку печатено издание, а има и многу бесплатни е-книги што можат да се преземат од интернет.

Сепак, постојат некои предрасуди дека читањето е-книги е потешко и дека не е добро за здравјето, во споредба со читањето печатени книги.

Всушност, нема разлика во квалитетот на обработката на информациите од текстот при читање печатена или е-книга.

Кај помладата популација, брзината на читањето е иста, без оглед на изворот од кој читаат, додека кај возрасната популација брзината на читањето може да биде поголема кога читаат е-книгата.

Citanje pecateni knigi ili elektronski knigi Sto e podobro 02

Да се потсетиме кои се придобивките од читањето книга. Секако дека секој од читателите има своја идеја и посебно место на кое го носи книгата.

Генерално, додека читаме книги ја развиваме нашата меморија, ги прошируваме нашите граници на концентрација и ги усовршуваме нашите вештини за изразување.

Втора, и не помалку важна, придобивка е развојот на имагинација, креативност и збогатување на вокабуларот. Кога читаме, размислуваме за пораката на писателот и учиме од ликовите од книгата.

Значи, книгите ни даваат богати информации за светот околу нас, но тие, исто така, нè охрабруваат да размислуваме за себе и за другите.

И, најдобро од сè, постојат книги за секого, од различни жанрови, кои опфаќаат различни теми и проблеми. 

Citanje pecateni knigi ili elektronski knigi Sto e podobro 03

Луѓето, посебно постарите генерации, генерално сметаат дека е поудобно да се чита печатена книга.

Тука не станува збор за удобноста на позицијата, затоа што денес можеме да читаме книги преку таблет, телефон и слично, во која било положба.

Удобноста за која зборуваме се однесува на мирисот што ја има печатената книга, спомените кои ни ги враќа или звукот на превртувањето страници, чувството на хартија под прстите.

Некои работи, едноставно, не можат да се заменат со технологија, исто како што некои работи нужно се менуваат со напредокот на истата.

Што значи, изборот останува на вас.

Доколку повеќе уживате во печатено издание, нема потреба да ги следите трендовите. Доколку повеќе сакате електронски книги, нема потреба да се присилувате да читате печатени.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак? Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, ...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg