„Претседателот исчезна“ и уште 2 нови трилери кои ќе ве остават без сон
Добрите трилери имаат моќ да го заробат нашето внимание.
За таквите книги сме во состојба да се лишиме од сон, да заборавиме на ручекот, кафето, па дури и одењето во тоалет да ни претставува предизвик. Или да отидете до него со книгата во раце, на пример.
Ви нудиме 3 нови трилери кои ќе ве остават без сон. Пријатно ќе се изненадите кога ќе откриете кој е коавтор на првата книга:
Претседателот исчезна - Бил Клинтон и Џејмс Патерсон
Политички трилер каков што може да напише само претседател на САД. Претседателот исчезна. Целиот свет е во шок. Причината за неговото исчезнување е многу пострашна отколку што можете да замислите.
Комбинацијата на зачудувачките детали коишто можат да му бидат познати само на поранешен претседател на САД и неизвесноста каква што може да создаде само писател како Џејмс Патерсон, го креира најавтентичниот и највозбудливиот политички трилер на декадата.
Украдениот брак - Дијана Чејмберлен
1944 година – бремена, сама и преполна со вина, 23-годишната Тес де Мело не можејќи да живее во лага, одеднаш ќе се откаже од нејзината идна кариера како медицинска сестра и ќе стави крај на свршувачката со љубовта на нејзиниот живот.
Таа ќе отиде да побара помош од таткото на нејзиното дете и ќе се согласи да се омажи со него, преселувајќи се во еден мал и рурален град, Хикори, во Северна Каролина. Новиот сопруг на Тес, Хенри Крафт, е човек со многу тајни.
Немата пациентка - Алекс Мајклидис
Алисија Беренсон има навидум совршен живот. Таа е позната сликарка мажена за популарен и баран моден фотограф, живее во една од најелитните населби во Лондон. Една вечер, нејзиниот сопруг Габриел се враќа дома доцна од фотосесија, и Алисија му пука пет пати во лицето, а потоа никогаш повеќе не прозборува ни збор.
Цената на нејзините уметнички дела вртоглаво расте, а таа е немата пациентка, скриена од таблоидите во психијатриско одделение во Лондон. Тео Фабер е психијатар кој многу долго ја чека можноста да работи со Алисија. Потрагата по вистината не му дава мир. Кој е мотивот зад свирепото злосторство на сликарката?
(О)Милена | Црнобело