Неверојатни книги кои имаат моќ да ве пренесат во сосема друг свет на жените

Понекогаш забораваме дека животот којшто го живееме тука е многу поразличен отколку во другите делови од светот. Различни ни се навиките, традициите, воспитувањето, начинот на однесување, верувањата.

Knigi-koi-ke-ve-prenesat-vo-poinakov-svet-na-zenite-01.jpg

Сепак, неколку емоции целосно нè обединуваат, без разлика на староста, бојата на кожата, припадноста, местото на живеење.

Стравот, гордоста, потребата од љубов… и сите овие ќе ги препознаете во следните 3 неверојатни книги кои ќе ве транспортираат во сосема поинаков, женски свет:

Ќерката на степата – Волфганг Јетке

Младата Мања живее со мајка си во едно земјоделско село и сонува да се омажи за Вилуфар, момчето од соседството. Меѓутоа, по нападот на Скитите, номадските воени коњаници и ловци на скалпови, немилосрдни владетели на степската дивина, Мања ќе премине кај Сарматите.

Тие се народ каде што жените управуваат со судбината на племето. Во своето племе ќе се врати подоцна како воинка во придружба на волчицата и треба да се одлучи меѓу љубовта од младоста и новиот живот.

Knigi-koi-ke-ve-prenesat-vo-poinakov-svet-na-zenite (1).jpg

Принцезата Султана – Џин Сасон

Принцеза која е опсипана со скапоцени дијаманти и бисери и живее во најголемиот луксуз што може да го замислите. Но, во реалноста, таа живее во златен кафез. Без слобода, без право на глас, без контрола на сопствениот живот… од неа не се очекува ништо друго, освен да раѓа синови.

Принцезата Султана е член на кралското семејство на Саудиска Арабија, во блиско сродство со кралот. Скриена под превезот, таа ни го раскажува своето детство до точката на договорен брак. Неверојатна приказна за тоа колку чини слободата.

Knigi-koi-ke-ve-prenesat-vo-poinakov-svet-na-zenite (3).jpg

Невеста во Борџии – Џин Калогридис

Богат и моќен историски роман за едно од најпознатите семејства во историјата на Италија – Борџиите. Санча од Арагон е млада, прекрасна девојка. Нејзиниот татко решава да ја омажи за најмладиот од легитимните синови на Папата, Џофри.

Санча се вплеткува во мрачна игра на страст, омраза, предавство и насилство. Таа станува предмет на интерес на постариот брат, Чезаре Борџија, но она што треба да наликува на љубов се претвора во опасна игра на опсесија и смрт.

Knigi-koi-ke-ve-prenesat-vo-poinakov-svet-na-zenite (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 одлични романи за на плажа (наменети за романтични души) Сонце, вода и добра книга. Ви препорачуваме 3 одлични изданија, што можете да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg