Нови, возбудливи наслови кои ќе ве остават без спиење

Она што е вежбањето за телото, тоа е читањето за умот. Пред да дозволите да ви закржлави од високите летни температури, разиграјте го со неколку нови наслови.

Novi-vozbudlivi-naslovi-koi-ke-ve-ostavat-bez-spienje-01.jpg

Со сигурност ќе останете без спиење, но наградата дефинитивно е поголема од жртвата:

Ќерката на дрвосечачот - Наде Стојилковиќ

Дана е сираче. Грижата за неа ја презема нејзиниот чичко. Но, тој има свое семејство кое ја третира Дана како слугинка, во обидот да приграбат што е можно повеќе од нејзиното наследство.

Дана не приговара дури и кога практично ќе ја продадат на еден богат брачен пар во главниот град за да им биде домашна помошничка. Голтајќи ги солзите, таа останува силна и истрајна. Но, колку може да издржи нежното, женско срце?

Novi-vozbudlivi-naslovi-koi-ke-ve-ostavat-bez-spienje (1).jpg

Гала – Дали - Кармен Доминго

Големиот шпански уметник Салвадор Дали имал само 25 години кога ја запознал 11 години постара Гала која потекнувала од царска Русија.

Иако Гала била во брак со францускиот поет Пол Елијар, тоа не претставувало пречка за нивната дива, ексцентрична љубов. Гала го вадела најлошото, но и најдоброто од Дали.

Таа била неговата муза, инспирација и најголема поддршка. Според него, го спасила од лудило, од прерана смрт и нејзе ѝ ја должи сета негова слава. Приказна за една од најголемите епски љубови на сите времиња…

Novi-vozbudlivi-naslovi-koi-ke-ve-ostavat-bez-spienje (2).jpg

ЗДРАВО СКОПЈЕ - Александра Шаровиќ-Атанасовска, Ружица Мандичевска-Руки

Првиот детски интерактивен водич – Здраво Скопје е мала временска машина која ќе ве сврти околу градот и спомените на возрасните. Врзете ги појасите, земете ги шамивчињата – ќе биде забавно, емотивно и носталгично возење низ градот од нашите глави и срца…

Novi-vozbudlivi-naslovi-koi-ke-ve-ostavat-bez-spienje (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 одлични романи за на плажа (наменети за романтични души) Сонце, вода и добра книга. Ви препорачуваме 3 одлични изданија, што можете да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg