3 нови наслови кои ќе ви станат омилени, летни хитови
Читањето ни дава можност да отпатуваме на некое друго место кога сме принудени да останеме онаму каде што сме. Овие 3 нови книги имаат потенцијал да станат вашите омилени, летни, книжевни хитови.
Тие ќе ве однесат до најнеочекуваните приказни и локации.
Што ново треба да прочитате ова лето?
Тие мили мали слатки дечиња - Антонио Карабелов
Низ приказните на 13 познати историски личности, меѓу кои се вбројуваат Хитлер, Сталин, Тито, Мао Це Тунг и уште неколкумина други, го откриваме детството на овие неповторливи, уникатни ликови.
Сите горе-долу ги знаеме нивните приказни и злодела кои ги направиле како возрасни – но какви биле истите кога биле само деца? Мали, слатки дечиња… паралелата дете-возрасен е главата водечка мисла во оваа неверојатна книга која се чита во еден здив. И не се позајмува никому.
Изгубените девојки во Париз - Пам Џеноф
Менхетен Грејс Хејли се обидува повторно да го состави својот живот откако го губи сопругот за време на Втората светска војна. Едно утро, додека поминува низ железничката станица Гранд Сентрал одејќи кон работното место, таа наоѓа куфер пикнат под една од клупите на терминалот.
Грејс го отвора куферот и внатре наоѓа десетина фотографии – секоја од нив од различна млада жена. Наскоро таа открива дека куферот му припаѓа на лидерката на група женски тајни агенти кои биле испратени надвор од Лондон за време на војната.
Неговите бели ракавици - Јелена Бачиќ Алимпиќ
Сараево, 1922 година. Скриена во безбедноста на семејниот дом, Љубица Игњатовиќ, убава и паметна еврејска ќерка, сосема случајно се сретнува со Карел Драгутин - Харт, владин службеник кој ќе го помати нејзиниот ум.
Заслепена од страст и љубов, нема да има сила за да се соочи со вистината. Меѓутоа, откако ќе го открие вистинското лице на човекот кој толку многу го сака, одлучува да ја преземе судбината во своите раце…
(О)Милена | Црнобело