3 нови возбудливи наслови за најпосветените читатели

Дали сте од оние кои силно се возбудуваат за секој нов издаден наслов? Читањето е всушност разговор. Сите книги ни зборуваат. Но, само најдобрите умеат и да слушаат.

3-novi-vozbudlivi-naslovi-za-najposvetenite-citateli-01.jpg

Доколку сакате да прочитате некој нов наслов, за вас ги имаме следните три:

Марсовата соба - Рејчел Кушнер

Роми Хол е самохрана мајка на петгодишен син. Таа работи во ноќни клубови и е некогашна зависничка од дрога. Роми навидум извршила непростливо, необјасниво убиство за кое е казнета според законот.

Осудена е на две доживотни казни едноподруго. Надвор е светот од кој е отсечена: Сан Франциско на нејзината младост и нејзиното семејство.

Внатре е новата реалност: илјадници жени што се грабаат за неопходните работи за преживување, блефирање и глума, покрај насилството, кое е еднакво и меѓу стражарите и меѓу затворениците; сета апсурдноста на затвореничкиот живот.

3-novi-vozbudlivi-naslovi-za-najposvetenite-citateli (1).jpg

Некој ми го знае името - Лоренс Хил

Уште како мала, Амината ја киднапирале на брод со робови. Таа мора да ги слуша наредбите за да преживее. Откако ќе се симнат на копното, Амината ја продаваат на друг газда.

Таа се разделува од момчето од соседното село со кое ги делеле суровите нечовечките мигови на бродот. Единствената задача сега е успешно да му служи на белиот Американец што ја поседува. Сепак, Амината е непоколеблива и постојано ја следи желбата еден ден да се врати дома.

3-novi-vozbudlivi-naslovi-za-najposvetenite-citateli (2).jpg

Совршената дадилка - Лејла Слимани

Мирјам и нејзиниот сопруг бараат совршена дадилка за своите деца. Луиз е сè што посакувале: тивка, љубезна, посветена жена, која умее да пее приспивни песни, го чисти нивниот стан во Париз, останува доцна без приговор и приредува прекрасни забави за децата.

Но, како што парот и дадилката стануваат сè позависни еден од друг, љубомората, незадоволството и сомнежите се зголемуваат. Потоа, еден ден, две деца се убиени од една „совршена дадилка“…

3-novi-vozbudlivi-naslovi-za-najposvetenite-citateli (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg