Жената која има храброст да пишува за Чернобил, за војни и човечки страдања – Светлана Алексиевич

Сето внимание на гледачите во моментот е насочено кон последната хит серија во продукција на HBO – Чернобил, што нè натера да се запрашаме колку книги ја обработуваат оваа тажна и грозоморна тематика?

Zenata-koja-ima-hrabrost-da-pisuva-za-Chernobil-Svetlana-Aleksievic-01.jpg

Одговорот е – многу, стотици книги кои ја отсликуваат најголемата нуклеарна катастрофа на сите времиња. На македонски јазик е достапна книгата „Чернобилска молитва“ на белоруската новинарка и писателка која твори на руски јазик.

Во 2014 година Светлана Алексиевич била номинирана, а една година подоцна во 2015 година ја добила Нобеловата награда за литература.

Доколку сè уште не сте прочитале ништо од оваа писателка ви предлагаме да не губите време, бидејќи пропуштате вистински книжевен бисер. И подгответе се за непроспани ноќи и многу, многу солзи:

Чернобилска молитва

Алексиевич ја има добиено Нобеловата награда за литература пред 4 години за нејзиниот серијал полифонични дела, во кои спаѓа и ова. Таа вешто ги ткае личните соочувања на луѓето коишто се погодени од најголемата нуклеарна катастрофа во светски рамки. Денот е 16 април, годината – 1986. Местото: Чернобил.

Ова се запишани сведоштва, толку грозоморни од кои ќе ви се наежи кожата. Цел еден каталог на трауми кои ќе ве потресат до солзи и неверување. Писателката нагласува дека ова не е книга за Чернобил, туку за последиците по него.

Во светот каде што сè навидум изгледа нормално, злото се крие под маска и речиси никој не може да го види, допре, да го помириса, вкуси или слушне. А сè што е нормално може да ве убие – водата, воздухот, почвата, дождот.

Ова е тема за која не смее да се молчи, а приказните на страдалниците не смеат никогаш да бидат заборавени.

Zenata-koja-ima-hrabrost-da-pisuva-za-Chernobil-Svetlana-Aleksievic (3).jpg

Војната нема женско лице

Околу 1 милион жени се бореле на страната на Црвената армија за време на Втората светска војна. Сепак, тие се духови. Нивните ликови се непознати, исто како и нивните имиња.

Историјата ја пишуваат победниците, а во неа очигледно нема место за жените.

Оваа книга ги собира спомените на стотици жени кои биле болничарки, снајперисти, тенкисти, готвачки, перачки, курири… Што им се случувало за време на војната и на кој начин таа ги променила?

За првпат во животот овие жени биле замолени да ја раскажат својата воена приказна и нема да може да одлучите која е пострашна, потажна, понеобична.

Оваа книга гласно говори за валканоста, студот, сексуалната злоупотреба, но и милоста, љубовта и човечноста. Ќе ве остави облеани во солзи и со милион прашања, од кои најгласно ќе одекнува: Зошто?

Zenata-koja-ima-hrabrost-da-pisuva-za-Chernobil-Svetlana-Aleksievic (2).jpg

Последните сведоци

Во поднасловот Алексиевич додава дека ова е збирка од 100 недетски раскази. Дали децата биле поштедени од хоророт и ужасите на Втората светска војна? Одговорот е очекувано – НЕ.

100 детски исповеди кои зборуваат за ужасот и болката, осветлувајќи ја војната секој од својот агол. Детскиот страв е засилен со чудењето на децата креирајќи чисти, јасни и искрени слики на суровата реалност.

Кога се водат војни, сите како да подзабораваат на последиците и трагите кои ги оставаат на најмалечките. Траумите кои се паметат цел живот и најчесто го одбележуваат истиот… како децата ја доживуваат војната?

Што паметат од неа? Дали воопшто заздравуваат од лошите искуства? Многу прашања, 100 (не)детски одговори излеани со творечката мисла на Алексиевич.

Zenata-koja-ima-hrabrost-da-pisuva-za-Chernobil-Svetlana-Aleksievic (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg