5 најдобри книги што можете да ги прочитате за еден ден
Многу луѓе одбиваат да читаат кога ќе видат дека романите имаат премногу страници. Кога знаат дека во текот на работните денови нема да прочитаат повеќе од неколку страници и дека ќе го заборават делот што го прочитале до викендот, луѓето намерно или несвесно не сакаат читаат познати книги.
Наместо тоа избираат т.н. лесна литература за читање за време на викендот. За среќа постојат многу кратки романи и новели со голема книжевна вредност, кои се читаат во еден ден.
Ова се 5 најдобри книги што можете да ги прочитате за еден ден:
1. „Животинската фарма“ на Џорџ Орвел (1945)
Алегоријата на октомвриската револуција и нејзините последици е долга само стотина страници.
Романот се случува на една фарма, каде што животните се обидуваат заедно да се ослободат од нивниот сопственик, Џоунс, и да го преземат имотот.
Првично нивната револуција е организирана како своевидна егалитарна утопија, но нивното ново општество наскоро станува тиранија, бидејќи „сите животни се еднакви, но некои животни се повеќе еднакви од другите“.
2. „Божиќната приказна“ на Чарлс Дикенс (1843)
Во фокусот на Божиќната приказна се наоѓа Ебенезер Скруџ, кого на Бадник го посетува духот на неговиот долгогодишен бизнис партнер, Џејкоб Марли.
Тој му го покажува она што го чека по неговата смрт, ако продолжи со алчноста и самољубието, но, исто така, му открива дека сè уште има шанса да ја смени својата судбина.
3. „Глувци и луѓе“ на Џон Стајнбек (1937)
Како и многу други романи на Џон Стајнбек, Глувци и луѓе се одвива за време на Големата депресија. Главните протагонисти на овој роман се Џорџ Милтон и неговиот неразделен пријател Лени Смол, кој има ментални проблеми.
И двајцата работат на плантажа во Калифорнија за време на економската криза, и двајцата сонуваат дека еден ден ќе работат на сопствената фарма.
4. „Малиот принц“ на Антоан де Сент Егзипери (1937)
За овој роман често се вели дека е детска книга која треба да ја читаат и возрасните. Ова е приказна за еден пилот кој се наоѓа во пустина со едно момче од друга планета, откако неговиот авион ќе се урне за време на Втората светска војна.
Додека тој се обидува да го поправи својот авион, малиот принц му ја раскажува својата интересна животна приказна.
5. „Старецот и морето“ на Ернест Хемингвеј (1954)
Старецот и морето е последното големо дело на Ернест Хемингвеј. Во овој краток роман се опишани деновите на несреќниот рибар, Сантијаго, кој не успева да фати ништо.
По осумдесет и четири денови, тој конечно добива шанса да ја фати рибата, но не и без голема борба.
Ашера | Црнобело