Знаете ли зошто делата на Стивен Кинг се толку страшни?
Во текот на, речиси, пет децении и 58 романи, Стивен Кинг има напишано неверојатни приказни. Ниту еден жив автор не може толку да нé исплаши како Стивен Кинг. Неговите дела директно влијаеле и сé уште влијаат врз нашите природни и најголеми стравови.
За приказните на Кинг дискутираат многу критичари. Во литературните кругови се дискутира за тоа дали Кинг е навистина добар писател или е само измамник кој палп-фикцијата ја третира како висока уметност. Во овој текст ќе се обидеме да дознаеме зошто делата на Стивен Кинг се толку страшни.
Кинг е еден од најпродаваните автори со продадени повеќе од 350 милиони примероци на книги. Неговиот пат кон успехот поминал низ многу пречки, со оглед на тоа што неговиот прв роман бил фрлен во ѓубрето, но поради неговата сопруга сепак бил објавен во 1974 година под наслов „Кери“. Романот кој потоа станал култен хорор филм.
Стивен Кинг е сè уште главен извор на инспирација за Холивуд, бидејќи инспирираше речиси 100 филмски и ТВ-адаптации. Жанровски, неговите дела се мешавина од научна фантастика, фантастика, вестерн и криминалистичка фикција, но тој првенствено се гледа како мајсторот на хоророт.
Хоророт на Кинг го претставува несфатливото, мистериозното и симболичното. Така е „Кери“, на пример, фантастичен приказ на сузбивање на женската сексуалност.
„Сјаење“ го поставува прашањето дали можеме да избегаме од циклусот на насилството и уништување наследено од нашите предци.
Во „Мртвачкиот танц“, неговата збирка на есеи за хоророт од 1981 година, Кинг ги именува трите емоции предизвикани од хорор жанрот: одвратност, ужас и терор. Овие емоции ги смета за најмоќни, бидејќи не се занимаваат со она што може да се види или чуе, туку со она што е во нас.
Не можеме да го негираме нашето минато, не можеме да избегаме од него.
Населението на градот Дери (измислениот град во Мејн) може да се обиде да ја потисне темната историја на градот, но тоа само ќе му дозволи на суштеството познато како кловнот Пенивајз да напредува.
Тој се појавува на секои 27 години да се нахрани со насилство.
Сепак, Кинг не паѓа во очај. Тој може да ги искористи нашите стравови за соочување со вистината како средство за заплашување, а не осудување. Се надеваме дека идните генерации конечно ќе научат како да ги поразат чудовиштата на нашиот свет, преку хоророт на Стивен Кинг.
Ашера | Црнобело