Започна Саемот на книгата - Пронајдете ја вашата приказна
Конечно започна најголемиот книжевен настан во градот, каде љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да се снабдат со нови приказни за претстојниот период.
Годинава, 31. издание на Саем на книгата се одржува од 8 до 14 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“. Може да се каже дека има голем избор на книги, а освен тоа ќе има и многу настани, средби со читатели и промоции.
Во продолжение следува листа на книги кои ќе го задоволат вкусот на секаков вид на читатели.
Без разлика дали саката психолошки трилер, љубовен роман или модерна психологија, издвоените наслови, штотуку излезени од печатница, можат да станат вашето омилено четиво.
Кафулето Зошто - Џон П. Стрелецки
Зошто си тука? Се плашиш ли од смртта? Дали се чувствуваш исполнет?
Земјата што ја газиме - Хесус Караско
Роман преведен во 21 земја и закитен со многу меѓународни награди.
Начинот на волкот од Волстрит – Џордан Белфорд
Влезете во контроверзниот свет на Џордан Белфорд и дознајте како успеал да создаде огромно богатство за себе и своите клиенти.
Коефициент на љубовта – Хелен Хоанг
Шармантна приказна, која нема да ве остави рамнодушни.
Последната девојка – Надија Мурад
Трогателна исповед на некогашната заробеничка на Исламската држава.
Bird Box – Џош Малерман
Психолошки трилер кој ќе ве прогонува долго откако ќе го прочитате.
Човекот по име Уве – Фредрик Бакман
Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување.
Автор: Х. Е. | Црнобело