3 нови наслови идеални за дождливите есенски денови
Дождливите денови се најубави кога сме дома, на удобно и топло кога можеме да ги набљудуваме дождовните капки низ прозорецот. Во комбинација со добра книга и најлошиот ден може да се трансформира во пријатно поминато време.
Што да прочитате од најновите наслови за време на дождливите есенски денови?
Морам да знам - Карен Кливленд
Романот кој е преведен на повеќе од 20 светски јазици и по чија содржина се снима и филм со Шарлиз Терон во главната улога ја следи приказната на Вивијан Милер.
Милер е врвен аналитичар во ЦИА, среќно омажена со сопруг кој ја обожава и 4 прекрасни деца. Но, во еден момент таа открива страшна тајна и започнува да се сомнева во сè околу неа. Вивијан е растргната помеѓу љубов и сомнеж, лојалност и предавство.
Таа е сигурна само во една работа – дека мора да ја одбрани сопствената земја од сите странски и домашни непријатели.
Душокршачот - Себастијан Фицек
Уште едно дело на Фицек чиј крај нема да може да го предвидите до последната страница. Го нарекуваат „Душокршачот“, тежок и насилен психопат кој успева да го скрши духот на секој човек, оставајќи го како жив мртовец, тело без душа.
Три прекрасни жени полни со живот се пронајдени после една недела, практично мртви во умот и душата. Никој не знае како „Душокршачот“ го постигнува ова.
Овој пат тој напаѓа во инклузивна психијатриска клиника пред Божиќ. Силната снежна бура ја отсекува клиниката од цивилизацијата, а заробените внатре се здружуваат против оној кој се заканува да им го скрши духот и душата.
Хипи - Пауло Коелјо
Најновата книга на Коелјо прикажува неверојатна илустрација на хипи движењето од почетокот на ’70-тите години. Пауло е млад човек кој сака да стане писател, а бегајќи од диктатурата во Бразил пристигнува во Амстердам.
Таму ја запознава Карла со која тргнува кон Непал, возејќи се во фамозниот „Волшебен автобус“.
Исклучителна љубовна приказна сместена во едно поинакво време и потрага по сопствените вистини кои некогаш може да ви покажат дека сте или може да бидете сосема поинаков од она што го мислите за себе.
(О)Милена | Црнобело