Зошто да ги препрочитувате омилените книги повеќепати?
Ако сте страствен љубител на книги, сигурно во текот на годината читате можеби и по сто наслови.
Но, колку и да читате, секогаш постојат само неколку книги кои ви се омилени и значајни.
Исто така, кога читате по една, две или три книги неделно, лесно ги заборавате или ви се мешаат дејствијата. На крај, не можете да се сетите на најмалку една третина од книгите кои сте ги прочитале последната година.
Дали сте помислиле некогаш да ги прочитате книгите кои ви се омилени повторно, наместо да земете нова?
Тоа ќе ви помогне повеќе да ги цените нештата кои ви се значајни во животот и никогаш да не ги запоставувате на сметка на нешто друго.
Чувајте ги омилените книги на највидното место во библиотеката
Размислете за она што го сакате во животот и како книгите ви помагаат да го цените.
Издвојте ги своите омилени и направете мала анализа зошто ви се омилени.
Одберете најмногу 30 наслови и читајте секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа.
Подвлекувајте го она што ви е значајно
Секоја прочитана книга за вас е лекција. Обележете ги деловите кои ви оставиле најсилен впечаток и повикувајте се на нив секогаш кога имате некоја лична криза или ако ви треба дополнителна мотивација.
Понекогаш читајте ги површно
Откако еднаш сте ја прочитале темелно и внимателно вашата омилена книга, одвреме-навреме навраќајте ѝ се на содржината, но не подолго од два дена.
Ако ви се подвлечени значајните нешта, тогаш ви се потребни само неколку часа.
Направете дневник со своите забелешки
Запишете што ви оставило најголем впечаток во книгата, што сте научиле или како содржината ви помогнала.
Така ќе бидете многу посвесни за значењето на таа книга во вашиот живот.
Правете ги претходните чекори секоја недела со различна книга
Слично како и кога учевте за на училиште, така и сега, повторувањето ќе ве направи уште поприврзани за вашите омилени книги. Направете си личен предизвик од одреден број наслови и таа година посветете им се нив.
Исто така, не заборавајте да ја обновувате домашната библиотека со нови наслови, во кои лежи вашата нова потенцијално омилена книга.
Е. Д. | Црнобело