Книги со кои растевме и приказни кои никогаш не ги заборавивме - Се сеќавате ли на нив?

Што повеќе годините се накачуваат сé повеќе чувствувам носталгија спрема детството. 

knigi-so-koi-rastevme-i-prikazni-koi-nikogash-ne-gi-zaboravivme-se-sekjavate-li-na-niv-01.jpg

Мислам дека не сум единствениот, со кого и да зборувам сите како во костец се фаќаат за почетоците на нашите животи кога постоевме во облик како што ние самите сакавме да биде, ненаметлив од други, ослободени од егзистенцијални прашања.

Сега, кога гледаме од оваа перспектива секој навирен спомен остава емоционален вир во нас.

Токму во овој текст би се надоврзал на навиките, кои за жал, не беа дел од сите деца на времето.

Читањето книги и на еден начин спријателувањето со книжевноста отпочна секако со школските лектири, но потоа се преобрази во нешто многу повеќе.

Јас, кој сум роден во 91-ва година, а верувам дека и многумина од мојата генерација растевме со исти книжевни ликови и светови.

Несомнено, Хари Потер и каменот на мудроста  е главниот виновник кој ме натера да ја засакам литературата и воедно ме доближи до поразличен начин на постоење, што на моите врсници им беше туѓ и тешко сварлив.

knigi so koi rasnevme i prikazni koi nikogash ne gi zaboravivme se sekjavate li na niv 4

Мислам дека секој пред да стане страстен читател, прво повеќе се задлабочувал во мавтањето низ прашливи полици натрупани со заборавени светови отколку со самото читање.

Токму поради тоа, засекогаш ќе се сеќавам на книгите Касни порасни од Петре М. Андреески, Зоки Поки од Оливера Николова (за некого, единствена прочитана книга во животот), Пајажината на Климентина од Елвин Б. Вајт и Еднорогиот елен од Рифат Кукај, кои како помал често ги препрочитував.

knigi so koi rasnevme i prikazni koi nikogash ne gi zaboravivme se sekjavate li na niv 2

Фантастичните книги исто така знаеја да бидат дел од нашето секојдневие, посебно за оние деца кои со секое поместување на стрелките од часовникот бараа авантура.

Господарот на прстените и Хобитот од Толкин, Нарнија од К.С.Луис и Ерагон од Кристофер Паолини за многумина претставуваа замислен пријател со кои растеа.

knigi so koi rasnevme i prikazni koi nikogash ne gi zaboravivme se sekjavate li na niv 3

knigi so koi rasnevme i prikazni koi nikogash ne gi zaboravivme se sekjavate li na niv 3

knigi so koi rasnevme i prikazni koi nikogash ne gi zaboravivme se sekjavate li na niv 3

Не треба да го заборавам и Жил Верн заедно со неговите книги 20000 милји под морето, Патување во центарот на Земјата и Пат околу светот за 80 дена.

Наслови кои дополнително нè расположуваат, откако ќе ги погледневме филмските верзии на истите.

knigi so koi rasnevme i prikazni koi nikogash ne gi zaboravivme se sekjavate li na niv 5

Не треба сé од еднаш да се каже. Тука би ставил три точки за да се продолжи листата во некоја наредна прилика.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
Првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска - „Парчиња од себеси“ Деновиве од печат излезе „Парчиња од себеси“ - првата поетска книга од младата а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg