Возбудливи и интригантни - три одлични наслови за празниците

Сите кои немате некои специјални празнични планови или пак сакате да одвоите повеќе време за читање, ви предлагаме да се почестите со 3 возбудливи и интригантни содржини кои нема да ве разочараат.

3-odlicni-naslovi-za-praznicite-01.jpg

Воедно, доколку патувате некаде или ќе поминете подолго време во возење, добро е да ги имате на ум следниве предлози за читање:

Девојките – Ема Клајн

Време: Турбулентната 1969 година. Време на хипици, шаренила, безбројни пораки за мир.

Еви Бојд е 14-годишна тинејџерка која смртно се досадува и не успева да се пронајде. Нејзините родители се разведени, таа се срами од својата мајка, која е подеднакво дезориентирана како и Еви, која пати по љубов и внимание.

Запознавајќи ја многу постарата Сузан и уште неколку девојки од чудната група, таа е фасцинирана од нивниот изглед, слободното однесување, а најмногу од љубовта која ја делат.

Тие ја носат Еви во нивната хипи-комуна, која е всушност озлогласен култ кој го предводи харизматичниот, но опасен Расел.

Еви доцна сфаќа дека е дел од нешто многу ужасно и опасно.

3-odlicni-naslovi-za-praznicite (2).jpg

Тајната сопруга - Џил Пол

Приказната патува низ повеќе векови, спојувајќи ги сегашноста и минатото. Раскажувајќи моќна приказна за љубовта, уште еднаш нè уверува дека надежта, сепак, умира последна.

1914 година – Русија е на раб на колапс, а фамилијата Романови се соочува со неизвесна иднина. Војвотката Татјана се вљубува силно во војникот Дмитри, но поради неочекуваниот пресврт на настаните, нивните животи и љубовта им се во опасност.

2016 година - Кити Фишер го напушта Лондон, бегајќи во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. На брегот на езерото открива скапоцено парче накит кое ја води до одамна закопана семејна тајна.

3-odlicni-naslovi-za-praznicite (3).jpg

Врвна уметност - Рубен Фонсека

Фонсека во едно интервју изјавил дека писателот мора да има храброст да пишува за она од кое многумина од луѓето се плашат.

Во неговата книга тој фрла поглед кон подземјето на Рио де Женеиро. Две проститутки се убиени и на почетокот ова изгледа како криминално дело на сексуален манијак. Но, со овие свирепи убиства се отвора Пандорината кутија.

Адвокатот кој е ангажиран во истрагата открива многу повеќе – садизам, бизнис со кокаин, сериски убиства, пресметки на мафијата.

Единствениот доказ – буквата П изрезбана со нож на лицето на убиената проститутка. Адвокатот тргнува во потрага по правдата низ мрачните тунели на бразилското модерно подземје.

3-odlicni-naslovi-za-praznicite (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 мистериозни романи кои ќе ги прочитате во еден здив Три романи за сечиј вкус, а во центарот на вниманието на трите мистериозни прика...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg