Книги кои треба да ги прочитате пред да ги гледате филмовите во 2015-та
Многупати се докажало дека книгите секогаш се подобри од нивните филмски адаптации, но повторно со нетрпение чекаме да ги погледнеме.
Во 2015-та година се најавуваат многу блокбастери, а меѓу нив има барем десетина кои се базирани на книжевни дела.
Повеќето сè уште ги нема на македонски јазик, но ако немате трпение да чекате, секогаш може да ги најдете на англиски јазик онлајн.
Ова се книгите кои треба да ги прочитате пред да ги гледате филмовите:
1. „Stil Alice“ – Lisa Genova
Ова е приказна за една успешна жена која полека почнува да ги забележува и чувствува првите знаци на Алцхајмеровата болест. Како што се справува со моментите на губење на меморијата, учи како да си го исполни подобро времето кое го има.
Во главната улога на филмот е брилијантната Џулиен Мур.
2. „Don’t point that thing at me“ – Kyril Bonfiglioli
Ова е прва книга од трилогијата за препродавачот на уметнички дела Чарли Мортдекаи и неговата невидлива линија помеѓу точното и погрешното, лудото и разумното, доброто и лошото.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џони Деп, Оливија Ман, Гвинет Палтроу и Иан МекГрегор.
3. „Fifty shades of gray“ – E.L. James
Откако еротската трилогија беше една од најчитаните изминатите 2 години, нејзината филмска адаптација е најочекувана. Приказната на Кристијан и Анастасија со сите сочни детали од интимата ќе биде прикажана низ улогите на Џејми Дорнан и Дакота Џонсон.
4. „Insurgent“ – Veronica Roth
Уште една трилогија од која е снимен филм според втората книга која ја следи Трис Приор и нејзината незапирлива храброст да ја урне владата на разни начини за да воведе мир. Бунтот, идеите, плановите и обидите на главната глумица Шајлин Вудли ќе може да ги видите во придружба и на Тео Џејмс.
5. „Serena“ – Ron Rash
Типична драмска приказна за млад пар кој се вљубува и се венча набзрина, по што Серена дознава дека нејзиниот сопруг веќе има дете со друга жена. Таа е самоуверена и моќна, па тргнува храбро да ги расчисти работите и да се одмазди на другата жена.
Во главните улоги на филмот се Џенифер Лоренс и Бредли Купер.
Уште 5 книги и филмови на следната страница...