Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив
Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, изберете ги „Стапица“ и „Главен удар“ од писателката Сандра Браун.
Писателката Сандра Браун во својата 42-годишна кариера има издадено над 70 романи кои се продадени во преку 80 милиони копии и преведени на 30 јазици. Нејзините книги оставаат без здив, а некои од нив се читаат и двапати.
Браун во 2008-та година ја доби титулата „Трилер мастер“ од Интернационалната асоцијација на автори на трилери. Добитник е и на наградата за Животно дело на Америка.
Па, доколку сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, изберете ги книгите „Стапица“ и „Главен удар“.
„Главен удар“
Од овој роман ќе ви затрепери срцето, а го разрешува вековното прашање: „Дали целта ги оправдува средствата?“
Д-р Емори Шарбоно, педијатар и жена која трча маратони, ќе исчезне на една планинска патека во Северна Каролина.
Откако магла и мраз ќе ја покријат планината и сиот див свет во неа, ја снемува нејзината трага. Потрагата станува невозможна.
Додека полицијата се сомнева во поранешниот сопруг Џеф, поради нивниот „инстант развод“, Емори, која има необјаснива повреда на главата, ќе се освести и ќе се најде заробена со човек чие насилно минато е многу мрачно.
Таа е одлучна да му избега и сака да направи сè што е потребно за да преживее.
„Главен удар“ е книга полна со љубов, измама и одлуки што мораме да ги донесеме за да преживееме.
„Судбина“
Уште од првата страница во романот писателката го изненадува читателот со приказната за корупција, предавство и непрекината измама.
И ништо не е онака како што се чини, а секоја вистина изнесена на виделина покажува темна лага.
Кога Џорди Бенет и Шо Конард ќе се погледнат очи во очи во еден чуден бар, нешто ќе заискри помеѓу нив.
Шо заклучува дека опасната атмосфера ги прави мажите претпазливи, а ги инспирира жените да забележуваат работи што не би ги забележале во други околности.
И никој не може да претпостави дека животот на бизнисменката е во опасност, бидејќи Шо Конард е пратен да ја убие Џорди.
А. Ј. | Црнобело