10 филмови со крај кој не го очекувате, идеални за продолжен викенд
Подготвени за нова доза филмови исполнети со адреналин, акција, возбудливи пресврти и неочекувани краеви?
За овој продолжен викенд, го имаме „лекот“ за вас.
Опуштете се со одлични филмови во добро друштво:
The Outfit
Леонард е англиски кројач кој изработува костуми по мерка. Тој мора да надмудри опасна банда на криминалци за да ја преживее кобната ноќ пред него.
Old
Едно семејство открива затскриена плажа на која се релаксираат неколку часа. Но, мистериозната плажа предизвикува брзо стареење, намалувајќи им го целиот живот на само еден ден.
The Guilty
Проблематичен полициски детектив кој е деградиран на должност и принуден да работи како операторот на 911, се обидува да спаси вознемирен јавувач, во денот кој носи мрачни тајни и откритија.
Last Night In Soho
Амбициозна модна дизајнерка има моќ да се врати во 1960-тите, каде што наидува на блескава необична пејачка.
Сепак, гламурот не е онака како што изгледа, а соништата од минатото почнуваат да пукаат и да се распрснуваат во нешто многу помрачно.
Malignant
Медисон, млада жена, е преплашена од визиите што ги има, а низ нив гледа убиства на непознати луѓе. Подоцна, таа решава да ги пронајде и да ги спаси жртвите.