Ќе ви го стопат срцето – Најдобрите 10 филмови направени според романи на Николас Спаркс
Николас Спаркс (56) е американски писател и сценарист. Тој е автор на околу 20 новели, препознатлив по неговите длабоки, емотивни, љубовни приказни.
Голем дел од нив се веќе екранизирани на филмското платно, од кои дел доживеаа култен успех, како на пример ненадминатиот The Notebook.
Иако овој филм е неприкосновено на врвот на екранизираните новели на Спаркс, еве кои други филмувани верзии вреди да ги погледнете.
Несомнено ќе ви го стопат срцето и ќе ви ги разбудат емоциите и страстите:
A Walk to Remember
На Лендон, незгоден и избувлив тинејџер, му е доделена општествено корисна работа откако ќе се најде во неволја.
Неговата казна воедно вклучува учество во училишната претстава, и тој полека се вљубува во Џејми, ќерката на свештеникот.
The Best of Me
Досон се враќа во својот роден град за да присуствува на погребот на личност која му била особено блиска и драга. Досон повторно се сретнува со својата поранешна средношколска љубов.
The Longest Ride
Љубовната искра помеѓу Лука и Софија полека исчезнува поради нивните конфликти поврзани со кариерата.
Следствено, еден постар маж по име Ајра се обидува да им ги предочи предностите во рушење на бариерите во врската.
Message in a Bottle
Една жена наоѓа романтично писмо во шише исфрлено на брегот и се обидува да влезе во трагата на неговиот автор. Постепено, таа се вљубува во него кога дознава дека тој ѝ пишувал на неговата почината сопруга.
The Choice
Габи Холанд се сели во ново соседство и почнува да има чувства кон соседот Тревис, ветеринар. Но, кога нејзиното момче доаѓа да ја запроси, таа мора да донесе конечна одлука за својата иднина.