Ќе ви го стопат срцето – Најдобрите 10 филмови направени според романи на Николас Спаркс
The Notebook
Дјук секојдневно ѝ чита на г-ѓа Хамилтон која боледува од деменција во домот за стари лица. Приказната е за Али и Ноа, двајца љубовници кои судбината ги разделила.
Сведоштвата за една љубов се испишани на страниците во неговата тетратка.
Nights in Rodanthe
Животите на двајца несреќни луѓе се испреплетуваат кога ненадејно ќе се вљубат. Малиот хотел, судбината и ненадејната промена на среќата им помагаат да најдат утеха и вистинска љубов.
Dear John
Џон е војник кој е силно вљубен во Савана, студентка. Тој повторно се пријавува во војска по нападот на 11 септември, но двајцата продолжуваат да бидат во контакт преку писма.
Судбината многупати ја тестира нивната љубов во следните неколку години кои следуваат.
The Last Song
Проблематичната врска помеѓу еден татко и неговата ќерка добива поинаква перспектива кога двајцата почнуваат да истражуваат заедничка нишка, нивната страст кон музиката.
https://www.youtube.com/watch?v=vZH0Nf4KLBo
Safe Haven
Мистериозна млада жена пристигнува во Саутпорт, Северна Каролина и се заљубува во сопственик на продавница кој е вдовец. Сепак, нејзиното мрачно минато полека навлегува во нејзиниот нов живот.
(О)Милена | Црнобело