10 безвременски филмови на Ричард Гир кои се синоним за филмско совршенство
Светот располага со неверојатна палета на филмови, а еден од актерите за кои времето претставува само именка е маестралниот Ричард Гир.
Од романтични комедии до најдлабоките драми и акциони трилери, овој актер создаде сѐ.
Уметник кој неприкосновено ги постави темелите на актерството за новите генерации, а воедно претставува и асоцијација за класичен, холивудски срцекршач.
Неговото филмско досие започнува уште во 70-тите години, а непрекинато се пополнува и ден-денес.
За волја на вистината, навистина е тешко да издвоиме низа од неговите класици, бидејќи секој негов допир со актерството претставува ремек-дело – но, вреди да се обидеме.
Во продолжение за вас издвојуваме 10 безвременски филмови на Ричард Гир кои се синоним за филмско совршенство:
Unfaithful (2002)
Оваа романтична драма ја следи приказната за една брачна двојка од Њујорк. Кога сопругата се впушта во таканаречена афера, нивниот брак опасно излегува од контрола.
Brooklyn's Finest (2009)
Оваа криминална драма претставува еден од најголемите успеси на Ричард Гир.
Дон Чидл, Итан Хок и самиот тој, во улогата на полицајци од Бруклин нудат свежи и интригирачки дејствија кои ќе го задржат вашето внимание до самиот крај.
The Hunting Party (2007)
Во оваа авантуристичка комедија-драма играат Ричард Гир, Теренс Хауард и Џеси Ајзенберг.
Новинар, снимател и воен дописник се наоѓаат во своја мисија да најдат врвен воен злосторник во Босна.
I'm Not There (2007)
Оваа биографска драма е серија на настани за животот на Боб Дилан. Во овој филм, шест ликови заземаат различни аспекти од неговиот живот и работа како музичар.
An Officer And A Gentleman (1982)
Едноставно, оставете младоста и харизмата на Ричард да ве обземе во оваа романтично-драматична приказна.