Трогателни филмови на кои мора да им дадете шанса, но нема да сакате да ги погледнете вторпат

Django Unchained 

Исто како 12 Years а Slave, и ремек-делото на Квентин Тарантино е сместено во Америка во периодот кога уште имало робови. Препознатливо за режисерот, филмот изобилува со насилство поради кое можеби нема да сакате да го изгледаат вторпат.

Главниот лик е ослободен роб по име Џанго кој се обидува да ја спаси неговата сопруга. Таа била продадена на друг сопственик како роб, па Џанго крои план како да ја ослободи.

Дефинитивно треба да го изгледате филмот барем еднаш не само поради одличната приказна, туку и неверојатната изведба на Џејми Фокс, Леонардо Дикаприо, Кристоф Волц и Семјуел Л. Џексон.

Melancholia

Како што си кажува самиот наслов, додека го гледате филмот, навистина ќе се чувствувате меланхолично.

Главниот лик е девојка која страда од депресија и која се преселува кај нејзината сестра додека да се врати на нозе. Но, има „мал“ детаљ кој прави не само девојката, туку сите во филмот да се чувствуваат безнадежно – на Земјата ѝ се приближува мистериозна нова планета која ќе се судри со неа и ќе ја уништи.

Филмот не се фокусира на научно-фантастичниот дел со мистериозната планета, туку емоциите  на луѓето кои знаат дека нивниот живот ќе заврши за многу кратко време, а и многу добро прикажува како изгледа депресијата. 

Филмот е дело на Ларс вон Триер, а една од главите улоги ѝ припаѓа на Кирстен Данст.

Black Swan 

Психолошкиот трилер на Дарен Аронофски нема да ве остави рамнодушни, но нема ни да сакате да го изгледате повторно.

Главниот лик, кој го глуми Натали Портман, е балерина која се обидува да успее. Но додека нејзината кариера почнува да се движи во нагорна линија, нејзиното ментално здравје се влошува, а режисерот одлично доловува како изгледа тоа од нејзина перспектива.

Pans‘ Labyrinth

Прекрасен филм на Гилермо дел Торо кој почнува како наивна фантазија, но набрзо се претвора во приказна за злоупотреба и обидите на едно мало девојче да се справи со тоа.

Дејството на филмот е сместено во 1944 година, а главниот лик е мало девојче чија мајка стапува во брак со злобен маж кој ја малтретира.

Една вечер, во собата на девојчето доаѓа самовила која ја носи до волшебен лавиринт. Таму, едно суштество ѝ бели дека таа е принцеза, но мора да го докаже тоа со три многу тешки задачи.

Schindler’s List

Маестралниот филм на Стивен Спилберг е инспириран од истоимената новела на Томас Кенили, а дејството е сместено за време на Втората светска војна. Филмот ги прикажува ужасите со кои се соочувале луѓето во овој период, особено Евреите.

Главниот лик е Оскар Шиндлер кој се обидува да спаси што е можно повеќе Евреи од концентрационите логори кои значат сигурна смрт.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg