10 филмови кои претпразнично ќе ви донесат мир и насмевка во овој студен декември
Можеби веќе го украсивте домот и веќе сте во претпразнично расположение. А можеби пак овие активности ги оставивте за подоцна.
Сепак, доколку чувствувате потреба за одмор на душата и ви се потребни филмови кои ќе ве опуштат и насмеат во претпразничните денови, имаме 10 одлични предлози во кои ќе уживате:
A Castle for Christmas
Софи, популарна авторка на љубовен серијал се обидува да избега од скандал поврзан со нејзината последна книга. Таа решава да отпатува во Шкотска, со план да стане новиот сопственик на историски замок, додека се соочува со намќорестиот војвода кој го поседува.
A Boy Called Christmas
Едно обично младо момче по име Николас тргнува во авантура на снежниот север, во потрага по својот татко кој пак се обидува да го најде легендарното село на џуџињата, Елфхелм.
Plan B
По еден непланиран сексуален однос, студентка и нејзината најдобра пријателка имаат 24 часа да најдат апче за „План Б“ во Јужна Дакота.
The Peanut Butter Falcon
Човек со Даунов синдром бега од старечки дом за да го оствари својот сон и да стане борач. Подоцна, тој се среќава со еден одметник кој станува негов пријател и тренер.
Language Lessons
Кога сопругот на Адам ќе го изненади со неделни часови по шпански, тој не е сигурен каде и како овој нов елемент ќе се вклопи во неговиот веќе структуриран живот. Меѓутоа, кога ќе се случи трагедија, во неговиот учител наоѓа прибежиште што не знаел дека му е потребно.