Лудило по корејската серија „Squid Game“ - актерите со милиони следбеници на Инстаграм за само неколку дена
И јас сум една од многуте – нешто подобро и поуникатно не сум гледала. Серијата „Squid Game“ го крена светот на нозе, а главниот женски лик е всушност 27-годишна корејска актерка за која ова беше филмско деби и која стана најследена корејска актерка на Инстаграм со 14 милиони следбеници (пред емитувањето на серијата имаше само 400.000 следбеници).
Корејската серија „Squid Game“ доживеа неверојатен успех за многу кусо време и се очекува дека може да стане најгледната серија на сите времиња на оваа платформа.
Ако ја гледавте, тогаш свесни сте и зошто!
Поинаква е од сè што сме гледале досега, ве држи со ширум отворени очи, постојано има некаква акција и ликовите ги доживувате навистина емотивно.
Серијата е базирана на корејски детски игри од реалноста и има 9 епизоди.
По глобалниот успех на серијата, главниот лик, односно корејскиот актер Ли Џунг-Џе отвори Инстаграм профил и за само 4 дена има 1.9 милиони следбеници.
48-годишниот актер кој веќе 28 години гради успешна филмска кариера и тоа без никакво присуство на социјалните мрежи, сега во име на серијата одлучи да отвори Инстаграм и неговата слава е неверојатна.
Неговиот пример го следеше и актерот Парк Хае-Су (39), кој во серијата глуми негов другар од детство кој исто така учествува во игрите во кој основен мотив е преживувањето.
Тој за само 3 дена на Инстаграм собра 1 милион следбеници.
Инаку, за разлика од нив, нивната колешка Џунг Ху-Јан, која е 27-годишен познат корејски модел има Инстаграм од поодамна на кој сега ја следат повеќе од 14 милиони луѓе.
Серијата беше нејзино филмско деби и таа го воодушеви светот.
Пред да почне да се емитува серијата таа имаше само 400.000 следбеници, а сега има 14 милиони и со тоа стана најследената корејска актерка на Инстаграм.
Ефектот на серијата е неверојатен, зарем не?