Шпанскo-италијански филмски романси кои ќе ви ја разнежнат душата

 Шпанската култура надалеку е позната по длабоката страст и трајната љубов, опеана во многубројни книжевни спектакли.

10-shpansko-italijanski-filmski-romansi-koi-kje-vi-ja-raznezhnat-dushata 01 630x330.jpg

За волја на вистината пак, италијанскиот јазик е еден од најромантичните јазици.

Ако сте љубител на овие јазици и сакате да ги усовршите вашите вештини, а воедно не можете да одолеете на љубовните приказни, тогаш удобно сместете се и подгответе ги вашите пуканки.

Во продолжение за вас ги издвоивме најдобрите шпански и италијански романтични филмови кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни:

Los Abrazos Rotos, 2009

Овој филм од 2009 година е во режија на Педро Алмодовар, а главната улога ја игра Пенелопе Круз.

Филмот се здобил со над 40 номинации за награди, вклучувајќи Златен глобус и 9 победи.

Извонредната Круз ја толкува Лена, жена која сака да избега од животот во темната, канцелариска работа и по сплет на околности наскоро таа станува филмска ѕвезда.

Бидете подготвени за пресврти и неочекувани заплети кои на крајот спектакуларно се поврзуваат.

Diarios de Motocicleta, 2004

Филм базиран на вистинска приказна за еден млад „Че Гевара“ и неговите патувања низ Јужна Америка со неговиот пријател.

Приказната и актерската игра се одлични, а исто така и филмографијата.

Diarios de Motocicleta доби Оскар за најдобро музичко достигнување за песната „Al Otro Lado Del Río“, и исто така беше номиниран за разни награди вклучувајќи го и Златниот глобус.

Lo sono amore, 2009

Во овој италијански феномен главната улога е доделена на Тилда Свинтон, а тој претставува првиот дел од трилогијата Desire на режисерот Лука Гвадањино.

Свинтон во интерпретација на Ема, Русинка која се преселува во Милано да живее со нејзиниот сопруг, бизнисмен од повисока класа, но не се чувствува задоволна со својот нов живот.

Сценографијата, естетиката и музиката се прекрасни, а филмот се обидува да истражи што точно претставува љубовта.

Nuestros Amantes, 2016

Уште еден од најдобрите шпански романтични филмови е Nuestros Amantes.

Оваа романтична-комедија е објавена во 2016 година, во режија и сценарио на Мигел Анхел Ламата и во него играат Едуардо Нориега, Мишел Џенер и Феле Мартинез.

Овој филм зборува за човек по име Карлос, кој во својот монотон живот налетува на жена наречена Ајрин со која започнуваат пријателство.

Тие одлучуваат нивната комуникација да ја ограничат со некои правила: без минато, без родени имиња, без современи начини за контактирање еден со друг и без заљубување.

Ќе можат ли да се придржат на сите поставени правила?

Parlami D'Amore, 2008

Саша e 20-годишно момче кое е очајно вљубено во Бенедета, девојка која практично не знае дека тој постои.

Сосема спонтано, Саша се запознава со Никол, Французинка на четириесет години, која живее во Рим со нејзиниот сопруг во речиси пропаднат брак.

Саша и Никол започнуваат пријателство кое станува сентиментално, бидејќи Никол го учи Саша како да заведува и како да ја освои Бенедета.

За разлика од холивудските филмови кои се фокусираат на прикажување на познатите споменици, во овој филм римскиот режисер го покажува Рим низ очите на просечен, локален жител.

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg