10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет
Open Water (2003)
Двајца луѓе непрекинато, со денови се борат на отворена вода – придружени од нескротливите, неуморни ајкули.
Приказната е создадена врз основа на вистинска приказна.
Into the Blue (2005)
Уживајте во целата убавина на Бахамите низ овој трилер што ги следи нуркачите кои трагаат по богатство и откриваат потонат авион за шверц на дрога.
A Plastic Ocean (2016)
Нурнете во вистинските приказни кои ги крие Земјината топка.
Откријте ги влијанијата на пластиката врз морскиот свет во овој одличен, информативен документарец кој навистина отвора очи.
Моana (2016)
Самиот океан е буквално преточен во лик во овој забавен анимиран филм на Дизни.
Главниот лик, девојка по име Моана отпловува кон забранетото море за да се обиде да го пробие таканареченото проклетство.
Aquaman (2018)
Акваман е американски суперхеројски филм од 2018 година во кој Артур Кари, наследник на подводното кралство Атлантида, роден од човек, тргнува во потрага да спречи војна помеѓу световите на океанот и земјата.
Мила М. | Црнобело