Не бил добар ученик, а првиот филм го снимил на 12 години: Стивен Спилберг ќе режира филм за сопственото детство
Во 2022 се очекува обожавателите на Стивен Спилберг да гледаат филм базиран на неговото детство во Аризона, режиран токму од него.
Моментално трае потрагата по млади актери од повеќе возрасти за да ја заокружат екипата, а еден од нив ќе ја игра улогата инспирирана од младиот Спилберг.
За филмот сè уште нема многу достапни детали. Се знае дека фокусот ќе биде ставен на главниот лик кога бил мало дете и тинејџер кој живее во Феникс, Аризона, каде што живеел и самиот режисер во доцните 50-ти и раните 60-ти години.
Филмот ќе го разработува и односот на протагонистот со неговите родители поделен на временски периоди. Интересено е што името на главниот лик можно е да се смени.
фото: Times of Israel
Снимањето на филмот се очекува да почне ова лето, додека готовиот производ обожавателите ќе имаат можност да го гледаат во 2022. На сценариото ќе работи заедно со неговиот чест соработник Тони Кушнер.
Нова информација е дека Сет Роген се приклучил на екипата актери, а тој ќе ја игра улогата на омилениот вујко на главниот лик. Улогата на неговата мајка најверојатно ќе ја преземе Мишел Вилијамс.
Додека сме во исчекување на филмот за режисерот на „Јaws“ и „Е.Т.“, прочитајте неколку факти за Спилберг во продолжение и разбудете ја имагинацијата за тоа што би можело да нè очекува во овој негов производ:
1. Тој е најстар од четири деца и е единствен син.
фото: ZoomBoola
2. Неговиот татко Арнолд бил електроинженер кој работел со компјутери, а неговата мајка била пијанистка.
3. Имал средни оценки на училиште, a поради оценките од средно училиште не влегол на Јужнокалифорнискиот Универзитет (UCLA).
4. Често се селел поради работата на татко му.
фото: ZoomBoola
5. The Greatest Show on Earth („Најголемата претстава на светот“) е првиот филм за кој Спилберг се сеќава дека го гледал во кино.
6. Уште како дете ја користел семејната камера снимајќи кампувања и други семејни настани.
7. До 12-годишна возраст веќе имал снимено филм од сценарио користејќи актерска екипа.
фото: ZoomBoola
8. На свои 16 години снимил долгометражен научно-фантастичен филм со име Firelight („Огнено светло“). Овој филм траел два часа и имал комплексен заплет за средба со вонземјани.
Марта Д. | Црнобело