10 одлични свадбени филмови во чие гледање ќе уживате за време на полицискиот час
Едни од најхаризматичните, емотивни и брзоплети филмови се оние кои во центарот на вниманието го ставаат венчалниот чин.
Преплет од смеа и солзи, размислување и преиспитување, акција и романса и секако, одлична музика.
Изминатата 2020 година во ниту еден случај не беше година на свадбените прослави, a очигледно нема да биде ниту оваа.
Но, со надеж дека што побрзо ќе заврши сѐ и ќе биде како порано, па и многу подобро, барем да се впуштиме во свадбено расположение преку филмови.
Без разлика на вашиот љубовен статус, свадбените филмови ви гарантираат смеа, хармонија и опуштање и верувале или не, од повеќето од нив навистина има што да се научи.
За нежните, емотивни души и љубителите на свадбените прослави, овојпат издвојуваме 10 свадбени филмови во кои сосема ќе уживате:
1. My Big Fat Greek Wedding, 2002 година
Тула Портокалос е 30-годишна Гркинка која работи во семеен ресторан во Чикаго. Единствената желба на нејзиниот татко Гас е да ја омажи својата ќерка за пристоен Грк. Сепак, Тула сака нешто повеќе од нејзиниот живот.
Што е тоа?! Уверете се сами.
2. Bridesmaids, 2011 година
Овој филм ни ја раскажува приказната за млада девојка, повикана од својата најдобра пријателка да биде деверуша.
Таа одеднаш се соочува со „главната“ деверуша, жена која очигледно сака да ја преземе нејзината улога, како и статусот на најдобра пријателка.
Ќе успее или сепак не?!
3. My Best Friend’s Wedding, 1997 година
Во главната улога е маестралната Џулија Робертс.
Три недели пред нејзиниот дваесет и осми роденден, Џулијана Потер (Џулија Робертс) добива покана за венчавката на нејзината најдобар пријател.
Сепак, тоа е клучниот момент кога оваа млада девојќа сфаќа дека станува збор за нешто повеќе од пријателство.
Подгответе се за најсимпатичното венчално саботирање коешто некогаш сте го гледале.
4. The Wedding Planner, 2001 година
Оваа романтична комедија ја претставува славната Џеј Ло како шармантна хероина на модерните љубовни филмски приказни.
Овојпат во улога на амбициозна, вредна и исклучително организирана жена која има контрола над сè, сѐ додека не се заљуби во нејзиниот клиент, односно младоженецот.
Томку за оваа улога Џенифер добила речиси 13 милиони долари.
Овој филм е вистински показател дека некои работи навистина не можат да се планираат.
5. Wedding Crashers, 2005 година
Еден едноставен, реалистично-хумористичен опис: Двајца најдобри пријатели имаат заедничко хоби – непокането присуствување на свадбени прослави.
Во улога на генијалните Овен Вилсон и Винс Вон.