Како изгледаат актерките кои ја глумеле принцезата Дијана, во споредба со неа?
Во нејзиниот краток живот, Дијана успеа да допре до срцата на милиони луѓе ширум целиот свет, па не е ни чудно што таа е инспирација за многу книги, филмови и серии.
За животот и делото на Дијана се снимени бројни филмови и документарци, па многу актерки имале можност да ја „оживеат“ принцезата на големото платно.
Дел од актерките кои ја глумеле Дијана и како изгледаат во споредба со неа:
Керолин Блис
Во 1982 година, околу една година после кралската венчавка, ABC направија филм според овој настан – Charles & Diana: A Royal Love Story.
Актерката Керолин Блис ја играше принцезата Дијана и, според The New York Times, нејзината изведба била колку-толку добра, но не доволно реалистична.
Кетрин Оксенберг
Истата година, и CBS направија сличен филм, чие дејство се фокусираше на кралската венчавка. Филмот се вика The Royal Romance of Charles and Diana, а улогата на принцезата ѝ припадна на Кетрин Оксенберг.
Според многу филмски критичари филмот не е добар, бидејќи Дијана е претставена како Пепелашка или која било принцеза од некоја бајка, наместо како реална личност.
Нола Формби
Во 1992-ра CBS направи уште еден филм за Дијана – The Women of Windsor – во кој Никола Формби ја глумеше Дијана.
Филмот ја раскажува приказната и на Дијана, и на Сара Фергусон – две жени кои се венчале со мажи од кралското семејство.
Серена Скот Томас
Во 1993-та беше издаден биографскиот филм Diana: Her True Story, направен според бестселерот на Ендру Мортон. Актерката Серена Скот Томас ја играше Дијана.
Овој филм се фокусира на проблемите со кои се соочуваше Дијана, како и на бурниот брак со принцот Чарлс.
Џули Кокс
Princess in Love е филм од 1996 година, кој раскажува за аферата на Дијана и нејзиниот инструктор по јавање. Улогата на Дијана ѝ припадна на Џули Кокс.
Повеќето критичари имаа негативно мислење за изборот на актерката не само поради изгледот, туку и поради тоа што таа не знаела речиси ништо за Дијана и нештата што се случуваат во палатата.