10 филмски предлози што ќе ве „одведат“ на патување преку екран
The Beach – Тајланд
Ова е еден од подобрите филмови на Леонардо ди Каприо, а покрај него имаме можност да ја видиме и неверојатната Тилда Свинтон.
Филмот раскажува за група пријатели кои се обидуваат да стигнат до тајна плажа во Тајланд. Целта им е да живеат таму, што е можно подалеку од општеството. Но, нештата не се такви какви што ги замислувале.
Mamma Mia! – Грција
Ако сте расположени за мјузикл, а сè уште не сте го погледнале Mamma Mia!, време е да му дадете шанса.
Главниот лик, кој го глуми Аманда Сејфрид, живее на грчки остров со мајка ѝ која има хотел. Таа дознава дека во краток период, мајка ѝ имала афера со тројца мажи, па се обидува да дознае кој од нив ѝ е татко.
Покрај Аманда, во филмот се појавува и Мерил Стрип, а музиката ја сочинуваат најголемите хитови на ABBA.
Midnight in Paris – Париз
Уште еден филм сместен во Париз, но овојпат има и неколку фантастични елементи.
Главниот лик кој го глуми Овен Вилсон е на патување во Париз со семејството на неговата вереница. Но, една ноќ, на мистериозен начин се враќа во 1920-тите и има можност да ја искуси магијата на градот во тој период.
Покрај Овен, во филмот се појавуваат и Рејчел Мекадамс и Марион Котијард.
7 Years in Tibet – Тибет
Повторно филм направен според вистинска приказна, поради кој Бред Пит си доби забрана за влез во Кина.
Во филмот се раскажува за пријателството на Далај Лама и австралискиот алпинист Хајнрих Харер. Дејството е сместено во периодот кога Кина го окупира Тибет.
Тогаш Далај Лама е само дете, а Хајнрих сосем случајно завршува во Тибет. Пријателството што го изградиле тогаш траеше до смртта на Хајнрих во 2006.
Tracks – Австралија
И за крај, уште една екранизирана вистинска приказна.
Робин Дејвидсон е млада девојка која одлучува да ја премине пустината во Австралија, и тоа пеш. Пред да го почне патот долг 2.700 километри, таа успева да добие спонзорство од National Geographic, кои го документираат нејзиното патување.
Ова е волшебен филм за упорноста и натчовечката издржливост на една жена.
Спирова С. | Црнобело