10 филмски предлози што ќе ве „одведат“ на патување преку екран
Франција, Јапонија, Тибет – прошетајте го светот од удобноста на домот со филмови кои вреди да им дадете шанса.
Биејќи изгледа уште долго нема да можеме да патуваме, мораме да си ја задоволиме оваа желба на друг начин. А, во оваа ситуација, филмовите се одличен начин да „отидете“ до некоја интересна дестинација.
Погледнете 10 филмови што сигурно ќе ви ја задоволат желбата за патување:
Amélie – Париз, Франција
Овој филм е снимен на 80 разни локации во Париз, и сигурно ќе сакате да погледнете неколкупати.
Главниот лик е Амели, која е интроверт и навистина необична девојка, која на свој, суптилен начин им ги подобрува животите на луѓето околу неа. А во филмот, Париз е прикажан во неговото најдобро светло.
Lost in Translation – Токио, Јапонија
Неверојатна приказна за пријателството помеѓу осамени маж и жена, сместена во футуристичкиот Токио.
Главните улоги ги глумат Скарлет Јохансон и Бил Муреј. Тие се среќаваат во хотел во Токио и обидувајќи се да избегаат од монотоноста на нивните животи, заедно го истражуваат Токио.
Into the Wild – Алјаска
Филмот е направен според трагична вистинска приказна, но вреди да го изгледате.
Едно момче, Кристофер, пристигнува во Алјаска со цел да ја истражува дивината. После некое време стигнува до напуштен автобус, каде што прави камп и се обидува да преживее како што знае и умее.
Филмот и приказната станаа толку популарни, што властите одлучија да го тргнат автобусот во којшто престојувал Кристофер, бидејќи многу луѓе загинале обидувајќи се да го имитираат неговиот подвиг.
The Talented Mr. Ripley – Италија
И ова е филм направен според вистинска приказна, а главната улога му припаѓа на Мет Дејмон.
Том Рипли е младо момче кое успева да го живее животот од соништата, но само преку крадење и лажење. Триковите и лагите што ги смислува ќе ве остават без зборови, а целиот филм ќе ве натера да сонувате за италијанските брегови.
Eat Pray Love – Италија, Индија, Бали
Направен според истоимената биографска книга на Елизабет Гилберт, овој филм го следи просветлувањето на една жена.
Откако сфаќа дека повеќе не може да го издржи бракот и монотониот живот, Лиз тргнува на патување. Таа ги посетува Италија, Индија и Бали, и на секоја дестинација учи важна животна лекција.