„Вистината за Бади“ - краток игран филм од средношколците во Гевгелија за моќта на една медиумска кампања
„Вистината за Бади“ e краток, средношколски игран филм, во кој ја гледаме моќта на една медиумска кампања и една еднострана вистина, како придонесуваат за потенцијална животна штета врз маалскиот миленик Бади.
Филмот е во продукција на Центар за едукација, култура и активизам Мултус, Гевгелија и ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и е работен како дел од проектот „Сите вистини на вестa“.
- Филмот го работевме со голем ентузијазам од вклучените средношколци. Оваа активност беше вметната во проектот со 2 цели – да се прикаже потенцијалната штета на медиумските манипулации и да се даде шанса на гевгелиските средношколци да се вклучат во ваков предизвик и да создадат филм. Се надеваме дека некој од нив ќе остане со овој интерес и дека ќе го одбере токму овој правец за своја кариера – изјавуваат од Центар Мултус.
Проектот „Сите вистини на веста“ е дел од проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Еуротинк - Центар за европски стратегии.
Филмот ќе ја има својата online премиера во среда, на 24 јуни, во 18:00 часот, на официјалната ФБ фан страна на Центар Мултус. https://www.facebook.com/MultusCentar
Подолу може да го погледнете и трејлерот за филмот кој го изработија средношколците: