Забавни комедии што ќе ви го подобрат расположението
Гледањето филмови и серии стана омиленото хоби на повеќето од нас.
Ако спаѓате овде, сигурно имате омилен жанр и цела листа филмови кои чекаат да ги изгледате. Но понекогаш, после напорен ден, веројатно не ви се размислува многу и само сакате да изгледате нешто „лесно“ за да се опуштите.
Комедиите во продолжение можеби не се најдобрите, но дефинитивно ќе ви помогнат да се релаксирате и да се расположите:
Isn’t it Romantic (2019)
Ова е романтична комедија што ги исмејува романтичните комедии. Па, ќе ви се допадне дури и ако ова не е вашиот омилен жанр.
Покрај тоа, главната улога ѝ припаѓа на Ребел Вилсон, која секогаш успева да ја насмее публиката.
We’re the Millers (2013)
Изгледа како главното дејство во филмот да е семејно патување, но станува збор за нешто сосема поразлично.
Еден маж мора да пренесе дрога преку границата на САД и Мексико, па за таа цел најмува една жена и двајца тинејџери, кои му помагаат да одглуми семејство кое оди на одмор во Мексико.
This Means War (2012)
Ова е уште една романтична комедија, каде што главните ликови се двајца агенти од ЦИА. Тие се најдобри пријатели, но еден ден дознаваат дека се гледаат со истата жена.
Агентите се договараат да не ѝ кажуваат на жената дека се знаат, за таа самата да одлучи со кого сака да биде.
A Thousand Words (2012)
Главниот лик Џек, кој го глуми Еди Марфи, не се двоуми да каже некоја лага за да напредне во својата кариера.
Но еден ден, во неговиот двор се појавува магично дрво, а тој набрзо сфаќа дека за секој збор што ќе го каже, од дрвото паѓа по еден лист. Кога ќе паднат сите лисја, дрвото ќе умре, а исто ќе му се случи и него.