8 Netflix документарци за музика, уметност и храна со кои квалитетно ќе го пополните времето
Ако ги изгледавте сите можни серии и филмови и повеќе немате идеја што да пуштите на Netflix, ви предлагаме да им дадете прилика на достапните документарци.
Следните 8 предлози ќе ве насмеат, ќе ве наежат, мотивираат и инспирираат на различни теми.
Salt, Acid, Fat, Heat
Овој документарец е снимен во мини-серијал формат, а ги истражува состојките кои се наоѓаат во сржта на добрата храна.
Homecoming: A Film By Beyoncé
Интимните борби и целиот труд кој Бијонсе го вложила за незаборавниот настап на Coachella 2018 се раскажани во 2 часа.
Miss Americana
Уште еден документарец поврзан за славна личност, овојпат Тејлор Свифт. Таа зборува отворено за развојот на кариерата како пејачка и текстописец, како и за пронаоѓањето на сопствениот глас.
Cheer
Ги следи тренинзите на навивачките и навивачите на Navarro колеџот, додека се подготвуваат за својот најважен момент во животот.
Amy
Низ овој филм ќе ѕирнете зад мистериозните борби кои ги водела Ејми Вајнхаус, соживувајќи се со нејзиното секојдневие, како и со нејзини блиски луѓе и скриени цели и желби.
Knock Down the House
Документарецот ги раскажува погледите на 4 различни жени кои се вклучени во разни политички кампањи, додека во тек се американските конгресни избори во 2018-та година.
The Great Hack
Овој филм ви ја приближува приказната која лежеше во позадина на скандалот на компанијата Cambridge Analytica, која со помош на податоци собрани од социјалните мрежи, влијаеше на резултатите на американските претседателски избори во 2016-та година.
Abstract: The Art of Design
Раскажувачки документарец за уметноста и науката за дизајнот, прикажувајќи профили на дизајнери од секоја дисциплина, чија работа го обликува нашиот свет каде и да се завртиме.
М. Д. | Црнобело