Жени режисери кои доминираат во филмската индустрија и треба да ги знаете
Светот ја зафати „розова треска“ поради филмот Barbiе во режија на единствената Грета Гервиг која стана едно од најпознатите имиња во филмската индустрија. Кои се другите жени чии филмови дефинитивно вреди да ги изгледате?
Веќе долго време се верува дека во светот на кинематографијата доминираат мажи. Ова не е далеку од вистината, но во последно време се ослободуваме од оваа стигма.
Иако ги има многу, ние ги извоивме највлијателните жени кои доминираат во филмската индустрија и, без сомнение, помагаат во промената на ставот дека режијата е наменета само за мажите.
Жени режисери кои оставија голем белег во филмската индустрија:
Џејн Кемпион
Филмови: Bright Star, In the Cut, Holy Smoke, The Portrait of a Lady, The Piano
Родена во Нов Зеланд, Џејн се позиционираше како една од најважните режисерки на денешницата.
Таа е првата жена што освоила Златна палма во Кан и Оскар за најдобро оригинално сценарио.
Сузан Бир
Филмови: Bird Box, Serena, A Second Chance, Love Is All You Need, In a Better World, Things We Lost in the Fire, After the Wedding, Brothers
Режисерка со данско потекло, која често се потпишува и како сценарист и продуцент.
Некои од филмовите во нејзина режија на дански јазик станаа толку гледани, што веќе имаат свои американски римејкови.
Мира Наир
Филмови: Queen of Katwe, The Reluctant Fundamentalist, Amelia, The Namesake, Vanity Fair, Monsoon Wedding, Kama Sutra: A Tale of Love, The Perez Family
Мира е родена во Индија, но без оглед на тоа што живее и работи во Њујорк, многу од нејзините филмови се занимаваат со прашањето на индиските традиција и култура.
Интересно е што таа првично сакала да стане актерка, а студирала социологија на Харвард.
Андреа Арнолд
Филмови: American Honey, Wuthering Heights, Fish Tank, Red Road
Поради начинот на кој ги третира и прикажува машките и женските односи, Андреа стана сериозно име во светот на кинематографијата.
Ова го потврдуваат и трите награди што ги има освоено на Канскиот филмски фестивал.
Софија Копола
Филмови: The Beguiled, The Bling Ring, Somewhere, Marie Antoinette, Lost in Translation, The Virgin Suicides
Иако е ќерка на легендарниот Френсис Форд Копола, Софија успеа сама да го изгради своето име во филмскиот свет.
Причината за ова е секогаш новата тема како центар на приказната, придружена со убава летаргично-носталгична атмосфера.
Грета Гервиг
Филмови: Little Women, Lady Bird, Barbie
Ја започна својата кариера како актерка и писателка, за да докаже дека нејзиниот најголем талент лежи во режијата.
Успехот на Грета го потврдува фактот дека Little Women и Lady Bird беа номинирани за вкупно 11 Оскари, додека Barbie руши рекорди уште во првата недела по премиерата.
Лин Ремзи
Филмови: You Were Never Really Here, We Need to Talk About Kevin
Она што ја издвојува Лин е храброста да зборува за насилството на многу оригинален начин, без разлика дали станува збор за агресивно момче или ветеран убиец.
Ашера | Црнобело