Вистинските приказни зад анимираните филмови на Дизни
Додека еден посебен шарм ги поврзува сите филмови на Дизни, тие всушност имаат многу разнолико потекло.
Некои се оригинални приказни на Дизни, други се засноваат на бајки (како „Snow White and the Seven Dwarfs“, „Cinderella“ и „The Little Mermaid“), а некои се направени според вистински историски настани и личности.
А, овие вистински приказни во нивната оригинална форма не се ништо помалку фасцинантни од нивните адаптации.
Дознајте зад кои анимирани филмови на Дизни се кријат вистински приказни:
Pocahontas
Можеби најпознатиот филм на Дизни базиран на вистинска приказна, „Pocahontas“, раскажува за романсата помеѓу индијанската принцеза по име Покахонтас и англискиот колонист Џон Смит.
Филмот, кој прикажува тензии меѓу индијанците и англиските доселеници кои се обидуваат да ја освојат нивната земја, завршува со тоа што Покахонтас успева да го спаси животот на Смит и да донесе мир меѓу двете страни.
Во реалноста, оваа приказна има малку поинаков тек. Имено, Покахонтас, што според некои во превод значи „игрива личност“, бил само прекар на личност по име Мотоака. Иако во филмот е прикажана како девојка, во времето кога се запознала со 28-годишниот Џон Смит, Покахонтас имала само 10 години.
Точно е дека му го спасила животот на овој англиски колонист и дека била ќерка на индијански водач. Она што сепак не е прикажано во цртаниот филм е тоа дека Покахонтас била киднапирана и држена како заложник од колонистите.
Потоа била преобразена во христијанин, била во брак двапати, го сменила името во Ребека и во Англија била портретирана како пример за „цивилизиран дивјак“.
Moana
„Moana“ е пример за приказна која не се оддалечила премногу од своите историски корени. Филмот е заснован на комбинација од антички митови од териториите на Хаваи, Тахити, Самоа, Тонга и Полинезија.
Приказната ја следи храбрата принцеза Моана, која го бара полу-божеството Мауи, а потоа ги спасува нејзините сонародници од глад.
Во митологијата што се користела како инспирација, навистина постои полубог Мауи кој, според легендата, бил одговорен за многу работи што Монана го замолила да ги направи.
Моана, на свој начин, илустрира дека Дизни може успешно да го толкува постојниот фолклор без да направи премногу промени, а популарноста на овој филм може да ја отвори вратата за нови митолошки адаптации во иднина.
Mulan
Анимираниот филм на Дизни, „Mulan“, беше вистински хит кога излезе во 1998 година, а популарноста на филмот не се намали до денес. Па така, оваа година очекуваме нова адаптација на приказната.
Храброто патување на младата жена маскирана во маж, што го зазема местото на нејзиниот татко за да се бори против Хуните, всушност се заснова на познатата кинеска легенда за Хуа Мулан.
Баладата за Мулан била извор на инспирација кога на кинеските трупи им била потребна надеж. Хуа Мулан останала популарна личност во кинескиот фолклор и се појавува во голем број книги и други уметнички дела.
И покрај својата популарност на Западот, филмот не бил добро прифатен во Кина, затоа што луѓето мислеле дека приказната е премногу сменета.
Многу приказни за вистински историски личности или фолклорни приказни биле променети во филмовите Дизни за да одговараат на современиот наратив. Во денешната ера на достапност на информации, многу е лесно да се истражат и дознаат оригинални приказни, додека уживате во нивните модерни адаптации.
Ашера | Црнобело