Јана Маринова, позната како Преслава од Преспав - во акциона комедија во Cineplexx
„Диви и среќни“ е новиот хит филм во Бугарија што ги сруши рекордите во гледаност, а Јана Маринова е еден од продуцентите и главна улога.
Актерката Јана Маринова, позната како поранешната газдарица на Преспав, Бугарката Преслава, пред македонската публика лично ќе го претстави својот нов игран филм „Диви и среќни“ каде таа се јавува како продуцент и главна улога.
„Диви и среќни“ е возбудлива, акциона комедија или road movie, што рекордно ги наполни киносалите во Бугарија, со што стана еден од најгледаните филмови за 2019 година.
Бугарската публика и филмска критика го опиша како ‘најзабавниот филм во последно време’ и ‘нешто сосема поинакво од типичните бугарски филмови’.
Филмот е направен за да предизвика интерес и да ја забавува публиката - акција, кул жени, автомобилски трки, од кои некои се направени на чудесно одлични локации, стилизирани костими, музика, и сè она што го чини еден филм современ и возбудлив!
Приказната е за две жени, најдобри пријателки, што ќе посакаат авантуристичка промена во нивниот очаен живот, но настаните се редат непредвидливо, а полицијата им е „зад петици“. Главните актерки Јана Маринова и Луиз Григорова-Макариев изведуваат каскадерски акробации, скокаат од оган, возат бесни мотори и предизвикуваат судири со автомобили.
Во главните улоги се запишува и актерот Александар Сано, познат како Коса од серијата „Под Прикритие“, кој исто така пристигнува во Скопје со Маринова по повод премиерата.
„Диви и среќни“ имаше свои премиери ширум Европа. Во декември беше прикажан во Лондон, Глазгов, Единбург и Виена, а сега актерската екипа ќе биде домаќин и на скопската премиера во Cineplexx на 13 февруари, а од истиот датум премиерно ќе се прикажува и во 3D Битола.
Погледнете го тизер-трејлерот:
Следете ги на:
Веб-сајт: www.wildlingsmovie.com
Фејсбук: https://www.facebook.com/diviishtastlivimovie/
Инстаграм: @divi_i_shtastlivi_movie