Хорор филмови кои со нетрпение ги очекуваме во 2020-та
Изгледа дека 2020-та ќе биде година на одлични хорор филмови.
Годинава ќе имаме можност да погледнеме неколку продолженија на омилените хорор филмови, неколку римејкови, но и неколку оригинални наслови.
Во кината ќе има од сѐ по нешто, и тоа за сечиј вкус.
Погледнете ги хорор филмовите кои со нетрпение ги очекуваме годинава:
Underwater
Приказната е сместена во подводна истражувачка станица, лоцирана 11 километри под површината на океанот.
Главната улога ѝ припаѓа на Кристен Стјуарт, а таа и целиот екипаж треба да се справат со мистериозното суштество кое само сака да им наштети.
Премиера: 10 јануари
The Turning
Многумина имаат високи очекувања за овој филм, најмногу бидејќи на него работеше легендарниот Стивен Спилберг.
На оддалечен имот во Мејн, една дадилка треба да се грижи за две морничави деца. Набрзо дознаваме дека и имотот и децата кријат мрачна тајна.
Премиера: 24 јануари
Gretel and Hansel
Ова е морничав осврт на познатата приказна за Јованче и Марика.
Приказната ви е веќе позната – децата често одат во шумата по храна или за да му помогнат на семејството. Но, еден ден, завршуваат во куќата на една вештерка која има свои планови за нив.
Премиера: 31 јануари
Fantasy Island
Ова е еден вид римејк на старата истоимена серија и раскажува за мистериозен остров каде што сите фантазии стануваат реалност.
Пораката на филмот најверојатно е „Внимавај што посакуваш, бидејќи може да се оствари.“
Премиера: 14 февруари
Brahms: The Boy II
На многумина им се допадна првиот дел, а ако истото важи и за вас, годинава ќе имате можност да го погледнете продолжението.
Ова е класичен модерен хорор филм со многу страшни сцени и морничава музика. Ако сте фан на „олд скул“ хорор филмовите, нема да погрешите со овој.
Премиера: 21 февруари