Идеи за книги и филмови за магична јануарска атмосфера
Јануари е месец на нови почетоци... Освен што нè потсетува на минливоста на животот, ни отвора и нови перспективи, истовремено прикажувајќи ги страниците што треба да ги напишеме. Но, се разбира, мора да одвоиме време и за страниците кои мора да ги прочитаме.
Јануари е месец кој сите емотивно нè поврзува. Не само што ставивме крај на уште една календарска година, туку се подготвуваме со нов животен замав да скокнеме во предизвиците што нè очекуваат.
Во деновите кога планираме каде да заминеме на некое зимско патување, ви подготвивме листа на книги, филмови и цртани, кои ќе дадат дополнителна убавина на вашето секојдневие и ќе ве натераат да се почувствувате како дете, додека надвор паѓа снег, а вие седите на удобна софа пред накитената елка.
Ако сте љубители на филмови, сигурно ги знаете следните наслови. Но, ништо не пречи ако се потсетите уште еднаш...
Почнете со How the Grinch Stole Christmas и како зеленото монструмче планира да го уништи Божиќ на сите граѓани во едно гратче, или семејната драма The Santa Clause, од 1994 година, која ќе ве насмее до солзи и ќе ве воздигне.
Тука ќе се најдат и некои цртани филмови.
Легендарниот The Snowman, кој со времетраење од 26 минути ќе ве наврати во најскриените детски спомени.
А, The Polar Express ќе ве впрегне во непредвидлива авантура на Северниот Пол. Па има ли нешто поубаво од тоа?
Кога станува збор за книги, може да започнеме со новелата Божиќна приказни на Чарлс Дикенс, каде ќе дознаете зошто овој празник ги грее нашите срца и знае да нè инспирира во секој можен сегмент од животот.
Уште еден интересен наслов е Божиќна мистерија од Јустејн Гордер, ова совршена бајка ќе ве врати назад во Витлеем и раѓањето на Христос.
Е. Х. | Црнобело