Disney атракцијата „Lady and the Trump“ преточена во филм - куче скитник во главната улога (видео)
Дали сте подготвени за уште една неодолива Disney приказна преточена во филм?
Далеку од градската бучава, под ѕвезденото небо две неодоливи души, помеѓу нив чинија со шпагети и во позадина тече незаборавната „Bella note“ (убава ноќ).
Велат исто толку убава, но и стресна ноќ е онаа кога режисерот Чарли Бин ја започнал предизвикувачката задача повторно да оживее еден од најпознатите моменти во историјата на анимираните филмови на Disney, горенаведената сцена во италијанскиот ресторан од 1955 година со спектакуларните Маза и Љуња.
По извонредниот успех на „The Lion King“, „Aladdin“ и „Dumbo“, уште еден класичен цртан филм на Disney - „Lady and the Trump“ (Маза и Луња) ја доби својата нова верзија како долгометражен филм, кој овојпат ќе ги заобиколи киносалите.
За разлика од „The Lion King“ кој е комплетно направен со CGI техника (компјутерско генерирани слики) актерите овојпат ќе имаат и прилика „вистински“ да се појават на малите екрани.
Поставена во идилична, перфектно интегрирана верзија од 1955-та, новата верзија на „Маза и Луња“ ја сочинуваат неколку совршено адаптирани кучиња, а гласовите ги позајмуваат: Теса Томпсон како Маза и Џастин Тероу како Луња.
Улогата на Маза ја зазема прекрасниот долгоушлест кокер-шпаниел со име Роуз, додека пак приказната за Луња, односно Монте кој ја толкува неговата улога е навистина зачудувачка.
Всушност, реалниот живот на Монте речиси и да соодвестува со оној на Луња.
Оваа двегодишна мешавинка од териер престојувала во центарот за спасување на животни Хало, во Феникс, заедно со стотици други кучиња. Пред да го донесат во овој центар, Монте бил куче скитник кому судбината навистина му се насмевнала.
Згрижувачите кои работеле во овој центар по неговото доаѓање заклучиле дека тој е навистина пријателски расположен, секојдневно уживал да ги поздравува луѓето и да дели бакнежи и особено сакал внимание.
Па така, кога екипата на Холивуд тргнала во потрага и дошла во центарот Хало, веднаш едногласно одлучила дека Монте е вистинскиот избор за улогата на Луња.
Освен него, во анимираниот филм се прикажани уште неколку кучиња од овој центар и екипата на Disney изјави дека со завршување на снимањето, секое од нив ќе биде згрижено во соодветен, топол дом.
Како што наведовме погоре, бидејќи станува збор за кучиња-актери, целата подготовка, организација и снимање барале огромна трпеливост и вештина од многубројните професионалци и секако од актерите на четири нозе кои заслужуваат секаков восхит.
За разлика од цртаниот, овој филм претрпува благи и ситни промени, но сепак суштината на сценариото останува исто.
Филмот „Lady and the Trump“ своето прво прикажување го доживеа на 12 ноември и во иднина ќе може да се погледне на каналот Disney Plus.
Во продолжение ви го претставуваме трејлерот на најсвежата филмска атракција:
https://www.youtube.com/watch?v=A2ZDDU34gYw
Мила М. | Црнобело