7 нешта што се случуваат со вашето тело кога гледате страшни филмови
Знаевте ли дека постои научна причина зошто толку многу ги сакаме страшните филмови?
Без разлика дали ги гледате храбро или се криете на секоја страшна сцена, изгледа дека страшните филмови имаат некакво влијание врз вашето тело и вашите емоции.
Па, погледнете што всушност се случува во вашето тело кога гледате страшни филмови:
Двата дела од вашиот мозок „соработуваат“
Мозокот има два дела кои се одговорни за реакцијата на нештата како стравот.
Префронталниот кортекс и лимфниот систем се деловите кои се активираат кога се соочувате со нешто страшно. Двата системи „разговараат“ еден со друг, за да одредат колку исплашени треба да бидете.
Ова, пак, помага да одредите за каков страв станува збор.
Се активира слаб „бори се или бегај“ одговор
Ова е реакција што се активира во стресни ситуации, па вашето тело одлучува или да бегате или да се борите.
Оваа реакција се јавува и кога гледате страшен филм, но во многу поблага верзија. Најверојатно само ќе забележите дека дишете поплитко.
Вашиот ум „се празни“
Можеби додека медитирате не ни помислувате на најновиот хорор филм. Но, изгледа дека гледањето страшни филмови може да има смирувачко дејство врз вашиот ум, слично како и медитацијата.
Наводно, некои истражувања покажале дека луѓето престанувале со размислување и живееле само во сегашноста кога биле во опседнати куќи. Според истражувачите, истото може да се каже и за страшните филмови.
Страшните сцени ве тераат да бидете целосно присутни во моментот, па воопшто не се грижите за вашите проблеми.
Се покачува нивото на кортизол
Кортизолот е познат и како стрес хормон, а доколку постојано сте изложени на стрес, може да ви предизвика вистински проблеми.
Сепак, кога гледате страшен филм, во телото се ослободува мало количество кортизол кој помага во процесирањето на емоциите. Понекогаш може да почувствувате и покачување на адреналинот.
Изгледа има причина зошто луѓето сакаат да гледаат страшни филмови кога одат на состаноци.
Имате пристап до обично „забранети“ емоции
Аристотел бил првиот кој ја опишал катарзата во грчките трагедии, каде што идејата е дека стравот и сожалувањето се регулирани емоции во општеството и немаме дозвола да ги искажуваме во многу ситуации.
Но, гледањето страшни филмови ви овозможува да ги искажете овие емоции, да ги прифатите и да ги трансформирате. Но, мора да го направите тоа на конструктивен начин.
Општеството верува дека болката, стравот и негативните емоции треба да се избегнуваат. Но кога ќе ја земете предвид љубовта кон страшните филмови, станува јасно дека овие емоции не само што не треба да се избегнуваат, туку и дека понекогаш ни се интересни.
Страшните филмови помагаат да ја насочите енергијата
Ова звучи чудно, бидејќи страшните филмови најмногу нè плашат поради изненадувањето. Но, ако имате некаков план пред да се исплашите, можете да ја искористите енергијата од стравот.
Доколку имате јасна намера зошто сакате да се исплашите, најверојатно ќе ви успее. Па, размислете дали сакате да се исплашите бидејќи сте нерасположени, бидејќи сакате да се зближите со некоја личност или, пак, се обидувате да допрете до некои подлабоки емоции.
Се намалува анксиозноста
Можеби мислите дека оние кои имаат проблеми со посттрауматски стрес, анксиозност и фобии не би требало да гледаат страши филмови.
Но, изгледа дека токму страшните филмови можат да помогнат.
Наводно, страшните филмови им помагаат на овие луѓе одново да го почувствуваат нивниот страв, но сега во безбедна околина. Ова им дава можност да го контролираат нивниот страв, па можеби дури и да го надминат.
Спирова С. | Црнобело